Еден краток извештај од искачувањето на Каменица - Бугарија (2822) во организација на ПСД Кораб. За велигденските празници ПСД Кораб организираше искачување на Каменица во склоп на поголема прошетка во соседна Бугарија. Знаци, во петок на 25.4.2008, полн автобус (55), тргнавме од Скопје кон Сандански преку Благоевград. Поголемиот дел се сместија во Сандански, а 18 планинари со минибус продолживме кон домот Беговица. Автобусот не возесе додека заврши асфалтниот пат, а по 1.5-2 часа пешачење стасавме во планинарскиот дом. (Хилтон во однос на нашите домови). Домаќините љубезни, понудија храна, салати пијалоци чорби... По неколку часовно дружење отидовме сите на спиење. Утредента, за големо чудо сите беа станати на време и околу 7.15 ние 16-мина тргнавме кон врвот. Планината сакаше уште на самиот почеток да не откаже од качувањето, влажен снег кој ги прекрива грмушките и потоците кои ги има во изобилие и пропаѓање до појас. Со мака стигнавме до дрвеното мостче, ама како одевме нагоре температурата паѓаше, ветерот стануваше се посилен, што пак од друга страна донесе снегот да не биде толку влажен и да се пропаѓа во него. Искуството на Љубо и добрата кондициона подготвеност на групата даде резултати. 15 планинари и планианарки го искачивме врвот за 5.30 часа (една планинарка се отаказа уште во долниот дел на планината и се врати во домот). Особено сакам да им честитам на 4-те планинарки кој “машки” го поднесоа напорното искачување. Надолу веќе беше полесно, и времето се подобри, за 3 часа бевме во домот и тоа со подолга пауза на клупата кај мостот. По час и половина пауза во домот, тргнавме кон Попови Лаки каде што не чекаше нашиот автобус. Вечерта - прошетка низ Сандански, утредента – Рожденски манастир, Мелник, следниот ден Рилски манастир и правец Скопје.
Расхотка која секому би ја препорачал.
Ова не требаше да биде извештај од Маратонот Богомила -Солунска – Водно на кој зедовме учество и ние петмина од Кораб, туку одговор на прашањето на еден член на меилинг листата за состојбата со снег на Солунска глава. Сепак мислам дека на маратонот тргнаа околу 60 учесника, а околу 40 го изодеа целиот. Се надевам дека детален извештај ќе има на сајтот на организаторот (ПСД Бистра-Скопје). Од јужната страна на Солунска, значи и кај Бабина дупка нема снег ниту за лек (епетен на некој осој ако е задржан), за разлика од тоа од северната страна имаше влажен и длабок снег во кој се пропаѓа дури и по цел метар. Преоѓањето преку врвот, кон Бегово поле не е баш безбеден, и е исто така особено напорен. Ние имавме таква “среќа” на врвот да не дочека смрзнат дожд и ветер и снежна магла и што уште не... надолу продолжи со ветер и дожд. Кога стигнавме веќе после Бегово, кај полициската куќарка, времето се расчисти. До домот Караџица шлапавме со мокри чевли. Најдобра финта беше кога се пожалив на еден постар учесник на маратонот дека ми пропуштаат чевлите, а овој ми одговори: Моите, вика, не пропуштаат - цела вода е внатре и не и даваат да излезе. Изгледа дека не постојат трекинг кондури кои по извесно време нема да пропуштат. Мене лично домот Караџица ме изненади, се наоѓа во доста подобра состојба отколку што го паметев од порано.
Вистина невремето имаше скинато некој кабел па немаше струја ама тоа не не спречи да се дружиме на свеќи и батериски ламби.
Утредента веќе беше сосема друга приказна. Уште во 7 часот сите бевме на кратки гаќи, а чувството кога околу 15 часот го качувавме Водно треба да се доживее. Има извесна доза мазохизам во ова наше хоби :)
ЛИНК до фотографии
http://picasaweb. google.com/ p.damjanovski/ MaratonSolunskaA pril2008
По ветровито и прилично ладно време се организираше искачување на Титов Врв во зимски услови. Група од десетина планинари на ПСД Кораб успешно го искачија Титов врв од кај Церипашина. И покрај лошото ветровито време среќна околност беше тоа што немаше снег освен на поедини места така што немавме поголеми проблеми при искачувањето.