


|

ШЕСТ "КРИМИНАЛЦИ" НА БАБИН СРТ (2254)
Минатиов викенд, шест члена група криминалци го прекршија законот за забрана за движење низ шума. Како се случи тоа? Во петокот на 11 јули, се сместивме во Гари, преубаво село во мијачкиот карај. Кога го прашавме љубезниот домаќин Веле каде да извадиме дозволи за движење низ шума, човекот само се изнасмеа. Утредента не ни остануваше ништо друго, тукуда запливаме во криминалните води и без дозвола да продолжиме кон Бабин Срт. Патот води по течението на Гарска Река, во прекрасна букова шума - предел каде топлото јулско сонце не ви може ништо. Шумата завршува и започнуваат пасишта, испреплетени со безброј поточиња кој се слеваат во Гарска Река. Во далечината здогледавме бачило, а овчарските кучиња уште од далку со лаеж го најавија нашето доаѓање. Сеуште беше рано па овчарите ги немаа истерано овците на паша. Како добри домаќини, ни сварија кафе и не понудија со пресно овчо сирење кое ние со задоволство го пробавме. По половина час одмор и муабет, тргнавме кон Бабин Срт. Патем налетавме на уште едно бачило, ама овде не ја прифативме понудата од домаќинот и по неколку минути продолживме кон нашата цел. Последниот дел под врвот е прилично напорен, но, целата екипа, по прекрасно време успешно го совлада. Уживавме во прекрасната глетка (се гледа Охридското Езеро) околу еден час. На враќање, овците беа веќе високо по пасиштата, па ни кучињата не се возбудија мноогу од нашето присуство. Во шумата, покрај реката, направивме подолга пауза да ја избегнеме горештината И околу 17 часот веќе бевме повторно во Гари. Одморивме малку (испивме по некое пиво), а вечерта го посетивме Лазарополе. Утредента, рано, се поздравивме со домаќините и го продолживме нашето патување низ овој крај кон Галичник. Дента, се оржуваше традиционалната галичка свадба, за која можете сe да прочитате во весниците, па јас овде би завршил. Овде може да погледнете уште многу слики |




|
ЕКО АКЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРО КРЕДИТ БАНКА 05,07, 2008 год.
По покана на Прокредит Банка за учество во Еко ација која е во нивна организација, група на планинари, членови на ПСД Кораб се придружија на истата. Во Саботата на 05, 07, 2008 год. со почеток во 08 часот се придруживме на вработените во Про Кредит Банка за расчистување на делот на средно Водно од разновиден смет. Домаќините ни поделија пластични кеси и се организиравме во три групи од по три члена. Дел од нас се упатија по Цветковата патека и го чистевме тој реон, а дел од членовите по асфалтниот пат над рампа. Акцијата беше многу успешна и покрај краткото време на нејзиното траење - од 8 до 10 часот поради високите температури.
Навистина е непријатно да се зборува за човечката негрижа за околината која ја посетуваме. Место ѓубрето кое го правиме да го фрлиме на места за тоа обележени, а ако не барем да го ставаме на видно место, нашите сограѓани со особено задоволство го расфрлаат што е можно подлабоко во шумата, така да и со најдобра воља да го подигнеме и фрлиме тоа тешко може да го изведеме од непристапни места.
Зато еден апел до НИВ, фрлете го ѓубрето на патека, така што ние кои сме загрижени за нашата околина ќе може да го подигнеме наместо ВАС.
Симон Симоновски

http://picasaweb.google.com/psdkorab/VODNOPROCREDITAKCIJA
|