
ВОДОПАД
КОРАБ 31.05.08
извештај -
Пепи Дамјановски |
Вистинскиот водопад на Кораб.
На минатиот состанок на ПСД Кораб Маре ни даде прекрасен предлог, да го побараме високиот водопад на Кораб, за кој сите имавме чуено ама никој го немаше видено. Имено истиот е активен само додека се топи снегот на Кораб, па така не секогаш, дури и да ја погодите вистинската локација на водопадот, можете да го видите. Јас на пример гледав некој снимки од истиот ама снимен најмалку од 10 км далечина.
Како И да е на состанок се пријавија за учесво на кацијата 15-16 планинари и планинарки, ама на крај кон Маврово тргнавме 29. Со возила стигнавме до караулата и оттука крај бачилото, Кобилино поле, по вообичаената патека кон врвот на Кораб. Кога стигнавме до делот каде што завршува патот по изохипса, тргнавме надолу кон Длабока Река. По отприлика еден час стигнавме до една карпа од каде може да се види водопад. Прекрасна глетка. Денот преубав, поседовме околу еден час, а потоа правец назад кон возилата. Стрмно мачно додека да се вратиме на изохипсата по која дојдовме, ама глетката вредеше за секоја пролеана капка пот. Во Маврови Анови настана дискусија дали е тоа вистинскиот (големиот) водопад на Длабока Река. Јас нешто не сум претерано загржен дали е или не е, поминавме прекрасен ден во планина, а за водопадот – беше прекрасен, а дали е вистинскиот - како пак да е тоа важно.
Има и некоја слика
http://picasaweb.google.com/p.damjanovski/KorabVodopad31maj
|

02.05.2008
КОРАБ
извештај -
Пепи Дамјановски |
На 2.5.2008 во сколоп на неколкудневна посета на нашата земја, група планианари од соседна Бугарија (21) решија да го искачат нашиот највисок врв Голем Кораб (2765 - според ГПС). Ние 9 планинари од ПСД Кораб, една планинарка од Германија, + Лјубо кој ја водеше групата, решивме да им се приклучиме, малку да се дружиме и со заеднички сили да го искачиме Кораб. Во 7.00 беше договорена средба во Маврови анови каде ги оставивме автомобилите и со едно теренско возило и еден автобус, заедно се упативме кон караулата Срезимир. Автобусот не остави на кривината (кој бил знае) и по 30 тина минути се собравме на Срезимир. Уште во стартот се виде дека групата од Бугарија е доста шаренолика и дека ке се оди бавно. Во нормални услови веројатно тоа би ми пречело, но ова беше еден од оние денови заради кои воопшто почнав да одам на планина. Снег, сонце, небо без ниту едно облаче... убавина. Мислам дека заслужив еден убав ден после серија невремиња на врвовите што ме следи цела зима. Овој не беше убав, беше прекрасен. На куси ракави. Искачувањето траеше долго, на врвот бевме околу 15.30 а можеби беше и 16.00, не внимавав на времето. Се качија сите освен еден пар од Бугарија за кои Кораб сепак беше преголем залак. На врвот, воодушевени од прекрасната глетка останавме околу половина час. Надолу, снегот овозможи брзо симнување така што некаде пред мрак успеавме да стигнеме до автобусот. Веселата дружба со Бугарите продолжи и во автобусот се до разделбата во Маврови анови. Тука по едно пиво, (на Горан му било роденден) и правец Скопје,
уморни, ама среќни за прекрасната прошетка по оваа наша преубава планина. Поздрав на сите, пишувајте и вие за некое ваше планинарско искуство. Ова подолу е линкот до сликите.
http://picasaweb.google.com/p.damjanovski/GolemKorab252008 |