|
ГОЛЕМ КОРАБ 2008 - 07 септември 2008
По повод денот на независноста на Р. Македонија се одржа по 17 пат традиционалната меѓународна планинарска акција „ГОЛЕМ КОРАБ 2008“, а по 10ти пат во организација на ПСД КОРАБ.
1. Вкупен број на учесници по полициски податоци 1740, а по евиденција на ПСД Кораб 1690.
2.
200 гости од 21 држава, а како куриозитет е забележан планинар од Индија.
3. На сите гости кои побараа сместување, превоз и водичи, друштвото им излезе во пресрет на барањата.
4. Забележано беше присуството на извесен број на претставници на дипломатско - конзуларните преставништва во Македонија меѓу кои и Амбасадорот на Унгарија, на кој друштвото му додели и признание.
5. Беа поделени Признанија и Благодарници на 103 планинарски друштва од Македонија и странство и уште 31 на поединци
6. Најмладиот регистриран учесник имаше 5 години, а најстариот 79 г.
7. Во организациониот одбор составен од водичите и спасителите на друштвото и Црвениот крст на Македонија беа вклучени 42 лица.
8. Во спомен книгата која беше поставена на врвот се евидентирани над 800 потписи, но заради големата гужва на врвот и тешком пристапување кон книгата, наша претпоставка е дека врвот го искачиле над 1000 лица.
9. Беа поставени 4 контролни превентивно - спасителни пункта, од кои 1 на стартот, 2 на патеката и 1 на врвот. Извршени се оклу 200 интервенции, но за среќа сите од полесен карактер, (плускавци, воспалени мускули, општа исцрпеност од кои одреден број беа префрлени на стартот со ангажираните теренски возила.
10. Забележана е висока свест и дисциплина од страна на учесниците во поглед на почитување на препораките од организаторот, така што на самата патека готово и да немаше отпадоци. Другите отпадоци (18 најголеми вреќи) собрани околу караулата се транспортирани и оставени во контејнери.
Мото на овогодинешново искачување беше
ИСКАЧИ СЕ НА КОРАБ И БИДИ МАКЕДОНЕЦ
репортажа Утрински весник
репортажа ОДБРАНА
ШТО ВЕЛАТ ХОЛАНЃАНИТЕ ЗА КОРАБ 2008
ФОТО линкови:
линк Kораб
линк Пепи
линк 1
линк 2
Brane Kicevo
Драган Канада
http://www.youtube.com/watch?v=wB8DTOk1WVU
|
| |
Ја сакам планината, го сакам животот!

Давид Леон се искачи на Кораб како дел од меѓународната акција за освојување на Голем Кораб, кој со своите 2.754 м доминира над Македонија
За успешен, долг и спокоен живот неминовно секој треба да има и да негува позитивни и здрави навики. А здравите животни навики, кои носат здравје и успех, се стекнати и се негуваат од најмала возраст.
Давид Леон Ѓорѓиоски е дете кое со неговите осум години на прв поглед изгледа како и сите другари на негова возраст. Тој е ученик во трето одделение во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје. Како и останатите ученици, на учењето и училишните активности им пристапува одговорно и весело, со желба да освојува знаење и вештини кои му го исполнуваат детскиот свет со нови хоризонти. Ја сака природата, неизмерно се восхитува на природата и на вечната убавина создадена од човекот. Сака да чита, црта, да си игра... Преку игра уште како бебе почна да вежба јога, со која ги започнува своите дневни активности. Од рана возраст си игра во природа и играјќи се, стекна навика да се искачува по ридови и планини. Таа љубов кон планината и восхитот од височини го плени неговото срце од тригодишна возраст. Секоја недела е во природа, по патеките на Водно или Матка. Зад себе ги остави Галичица, Скопска Црна Гора, Шара, Кораб..., освојувајќи ги највисоките врвови Магаро, Љуботен... Оваа година во мај се искачи на Шара и е најмладиот планинар кој на седумгодишна возраст го освоил Титов Врв. А неколку месеци подоцна, само пред десетина дена, по повод 8 Септември - Денот на независноста на Македонија, Давид Леон се искачи на Кораб како дел од меѓународната акција за освојување на Голем Кораб, кои со своите 2.754 м доминира над Македонија. Тој беше еден од 1.700 планинари кои тргнаа да го освојат овој врв. Ова мало момче со своите осум години успешно се искачи на Голем Кораб, врв кој доминира како меѓник меѓу Македонија и Албанија. Организаторот на оваа акција, планинарското друштво „Кораб“, му додели на Давид Леон специјална благодарница за најмлад планинар и освојувач на оваа импресивна планина. Неговите сини детски очи со секој минат чекор во прекрасната природа се напојуваат со величественост и убавина, кои го вдахнуваат со енергија и радост за откриеното и спознаеното.
Репортажа од утрински весник |