Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.


АРАРАТ 2006


        Извештај на Мартинка.
        Репортажа на Ацо објавена во Утрински весник
        Само уште нешто што всушност требаше да кажам на презентацијата.
        Благодарност до Амар Карахасан за овозможениот контакт со Али Таш од Истанбул кој ми помогна во организацијата на експедицијата.
        Bлагодарност и до Спасов Марјан кој ме убедуваше и јас да одам, во мај кога почнав со организирањето немав вoопшто намера да oдам заради проблемите со лигаментите и целосната неподготвеност, сакав само да ја организирам. Ме замисли и решив да пробам да видам дали можам да се подготвам и за среќа летово со комбинацијата на физикална терапија, различни вежби и Водно успеав доволно добро да се спремам.
        Благодарност до Хасан Бодаз локалниот водач (еден од 60-те лиценцирани во Турција) и неговите пријатели Хаки Коч и Булент Билгин.
        Конечно благодарност и до сите членови на групата: Стевковска Мартинка, Чилиманов Илија, Тренковски Ацо, Димов Славчо, Митровска Билјана и Љубомир Котевски кои придонесоа за успешноста на искачувањето.
        За мене лично сепак успешноста е само делумна бидејќи не се искачивме сите заедно на врвот, тоа ќе беше вистинската вредност на ова сепак релативно лесно високогорско искачување. Можеби објективно тоа не беше возможно заради многу изразената хетерогеност во составот на групата речиси во секој поглед (сите што се пријавија од друштвото на време влегоа во состав на групата), можеби јас негде погрешив. Не знам, тоа ќе остане на времето да се покаже, мислам дека максимално настојував да бидам доследен на она што го реков уште кога се организиравме, дека ќе одиме како група за да на врвот се искачиме заедно, дека никој нема да биде оставен назад сам, дека немам намера да се расправам и нервирам. Ни последново за жал не успеав да го остварам, едноставно стресот и одговорноста беа преголеми. И покрај тоа што сите потпишавме дека одиме на своја одговорност како што рекоа некои членови на групата, сепак тоа е само парче хартија. Инаку немав намера ниту постојано да „изигравам“ водич, туку сакав главно да ги оставам работите да се одвиваат сами.
        Колку успеав тоа нека остане на проценка на членовите на групата. Јас лично сум задоволен, најмногу заради тоа што конечно доживеав и нешто повеќе „акција“, а не само да работам логистика како минативе години. Ете после 10 години се искачив повторно и на Голем Кораб.
        Неколку фотографии од искачувањето:

Пред поаѓање на автобуската станица / Фото - Тренковски Ацо

На станицата во Истанбул, Билјана ја чува опремата и се разбира - јаде / Фото - Митровска Билјана

Панорама на Ерџијас / Фото - Стевковска Мартинка

На гребенот кон врвот на Ерџијас / Фото - Стевковска Мартинка

На Ерџијас - Фото Чилиманов Илија

Догубејазит - Фото Тренковски Ацо

Хотел Урарту - Фото Митровска Билјана

Пред тргнување кон Арарат, или беше Хаваи? - Фото Митровска Билјана

Кон Арарат - Фото Митровска Билјана

Од стартното место (2200 мнв) - Фото Стевковска Мартинка

Истовар на опремата - Фото Булент Билгин

Товарење на опремата на коњи - Фото Митровска Билјана

Конечно кон планината - Фото Тренковски Ацо

Се поблиску до Камп 1 - Фото Булент Билгин

Последна пауза пред Камп 1 - Фото Булент Билгин

Камп 1 (3330 мнв) - Фото Булент Билгин

Некои ручаат а другите (можат да) гледаат - добра аклиматизација! - Фото Димов Славчо

Проблеми у кујна - Фото Митровска Билјана

Најбараните фотомодели во кампот - Фото Тренковски Ацо

Поглед кон пониските две платоа на Камп 1 - Фото Булент Билгин

Старт кон Камп 2 - Фото Булент Билгин

Почеток на куполата на Арарат - Фото Митровска Билјана

Теренот е се пострмен - Фото Тренковски Ацо

Пристигнување во Камп 2 - Фото Булент Билгин

Мартинка пред шаторот во Камп 2 (4200 мнв) - Фото Чилиманов Илија

Аклиматизација над Камп 2 - Фото Булент Билгин

Се пострмно кон 4400 мнв - Фото

Фото Тренковски Ацо

„Кујната“ во Камп 2 добро работеше (превривање 800 мл глечерска вода за 13-14 минути со обични плински боци) - Фото Тренковски Ацо

Изгрејсонце на 4800 мнв - Фото Булент Билгин

Фото Булент Билгин

Веројатно најубавиот призор - сенката на куполата на Арарат - Фото Булент Билгин

Билјана ја припрема опремата за поминување на глечерот - Фото Булент Билгин

На глечерот покрај јажето за осигурување - Фото Булент Билгин

Кон врвот - Фото Булент Билгин

И сонцето се појави пред врвот - Фото Булент Билгин

Припреми за фотографирање на врвот - Фото Булент Билгин

Горе (од лево)- Хаки Коч, Димов Славчо, Чилиманов Илија, Стевковска Мартинка, Тренковски Ацо, Љубомир Котевски, доле од лево Хасан Бодаз, Митровска Билјана, Николов Богољуб

Мал Арарат - Фото Стевковска Мартинка

На симнување - Фото Чилиманов Илија

Фото Тренковски Ацо

Фото Булент Билгин

Фото Тренковски Ацо

Толку беше - Фото Тренковски Ацо

   Извештај: Николов Богољуб
   17.09.2006

РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер