|
ДЕЛОВНИК
Член 1
       Деловникот, неговите измени и дополнувања ги предлагаат членовите на “ПСД Кораб“ (во понатамошниот текст Друштвото) и се согласуваат со мнозинството на гласови од присутните членови.
|
|
Член 2
       Деловникот го уредува начинот на работење и ги регулира односите и областите кои не се опфатени подетално со Статутот на Друштвото.
|
|
Член 3
       Друштвото, своите задачи ги утврдува и обавува на редовните и вонредните состаноци.
|
|
Член 4
       Организирана планинарска акција:
-
  а) Организирана планинарска акција е онаа која се објавува на состанок на Друштвото, со сите расположливи податоци и информации за нејзино успешно одвивање, зад коешто стои Друштвото;
-
  б) Водачот на акцијата се пријавува доброволно или е именуван од Друштвото;
-
  в) Водачот прави список на учесници во акцијата според следните критериуми:
-
- платена членарина,
-
- редослед на пријавување и
-
- Редослед на уплатување на аконтација за патни и други трошоци.
-
  г) Доколку водачот на акцијата не е во можност да ја изврши задачата, должен е навреме да го извести Друштвото, а тоа е должно да му помогне, да го замени или да ја стопира акцијата;
-
  д) Водачот има право од објективни причини, да го измени планот и програмата или да ја стопира акцијата;
-
  ѓ) Водачот има право да исклучи учесник во акцијата, доколку утврди дека не е соодветно опремен, заради недостаток на кондиција, заради влошена здравствена состојба или заради непридржување кон одредбите од член 5.
|
|
Член 5
       Должности на учесниците во планинарската акција
-
  а) Да се запознае со податоците и информациите за акцијата;
-
  б) Според сопствените можности и опрема, процени дали ќе учествува во акцијата;
-
  в) Да ги почитува одлуките на водачот;
-
  г) Да се грижи за екологијата;
-
  д) Да се грижи за дисциплината, да го почитува куќниот ред таму каде што се престојува, да се воздржи од јавни негодувања и расправии со други учесници во акцијата, а евентуалните забелешки и предлози да му ги соопшти на водачот;
-
  ѓ) Да не се издвојува од групата без одобрение на водачот;
-
  е) Да им помага (доколку е во можност) на оние на кои им е потребна помош;
-
  ж) Да го штити угледот и достоинството на Друштвото;
-
  з) Секој планинар, учесник во акцијата, е одговорен за сопствената безбедност.
|
|
Член 6
       Алпинистичка секција:
   Делува во рамки на Друштвото кое е должно да ја помага во нејзините дејности. Секцијата од своите членови избира претседател со мандат од 4 години и со можност на уште еден реизбор. Претседтелот на Секцијата за својата работа и работата на Секцијата, а особено за безбедносните мерки и опрема одговара пред Друштвото.
|
|
Член 7
       Работа на проекти:
   Членови на Друштвото кои што изработуваат проекти и изведуваат работи во името на Друштвото а коишто носат финансиски приход, се должни, да од нето приходот, отстапат 5% за Друштвото.
|
|
Член 8
       Користење на службено возило:
   Службеното возило може да се користи под услови пропишани со Договор склучен помеѓу заинтересираните странки. Цената за користење на возилото за 24 односно 12 часа за членови на Друштвото е 800,00 односно 400,00 денари. За останатите корисници е 1500,00 односно 800,00 денари.
|
|
Член 9
       Непочитувањето на одредбите пропишани во членовите на овој Деловник повлекува одговорност пред Друштвото: прво степено, Надзорна комисија и второ степено, Извршен одбор. Можни казнени мерки се: надомест на причинета штета, опомена, опомена пред исклучување и исклучување од Друштвото.
|
|
Член 10
       Овој Деловник е изгласан на Собранието на друштвото одржано на 25.03.1988 г. а делумно изменет и дополнет на седница на Извршниот одбор одржана на 03.04.2002 г. Деловникот стапува на сила веднаш.
|
|
Член 11

Член 12
       Работа на проекти:
       Членови на Друштвото кои што изработуваат проекти и изведуваат работи во името на Друштвото а коишто носат финансиски приход, се должни, да од нето приходот, отстапат 5% за Друштвото.
|
|
Член 13
       Користење на службено возило:
      Службеното возило може да се користи под услови пропишани со Договор склучен помеѓу заинтересираните странки. Цената за користење на возилото за 24 односно 12 часа за членови на Друштвото е 800,00 односно 400,00 денари. За останатите корисници е 1500,00 односно 800,00 денари.
|
|
Член 14
       Непочитувањето на одредбите пропишани во членовите на овој Деловник повлекува одговорност пред Друштвото: прво степено, Надзорна комисија и второ степено, Извршен одбор. Можни казнени мерки се: надомест на причинета штета, опомена, опомена пред исклучување и исклучување од Друштвото.
|
|
Член 15
       Овој Деловник е изгласан на Собранието на друштвото одржано на 25.03.1988 г. а делумно изменет и дополнет на седница на Извршниот одбор одржана на 03.04.2002 г. Деловникот стапува на сила веднаш.
|
|
|
|
Претседател на “ПСД КОРАБ“ - Скопје
Љубомир Котевски             
|
|
| |
|