По повод 1-ви Април – Денот на шегата, по сценарио и режија на Високогорската секција на ПСД „Кораб“ – Скопје, се организира целодневно експедициско искачување на планината „Водно“.
Експедицијата ќе започне во недела 1-ви Април, во 10:00ч од пред ОУ „Кочо Рацин“ над Државна болница.
Учесниците ќе се движат кон Средно Водно по патеката покрај полицискатa станица (покрај фонтаната), а потоа до врвот на Водно (3066 мнв) по Пензионерската патека. На врвот (позади крстот) ќе биде направен логор и ќе се презентира техничка опрема за планинарство и алпинизам.
Сите што се расположени невообичаено да го прослават овој ден, можат да се приклучат.
Информации и контакт на тел. 071-709-204, 075-737-152, contact@korab.org.mk. Вебсајт www.korab.org.mk
28.03.2007 год.
Претседател на
Високогорската секција на ПСД „Кораб“
Стојковски Атанас
|