Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.

ПИНДСКИ ПЛАНИНИ 2007 (врвови Смоликас 2637 мнв и Гамила 2497 мнв)


09.05.2007

П Р О Г Р А М А

1 ден - 10.05. (четврток)
• 22:00 Тргнување од пред поштата кај Транспортниот центар;

2 ден - 11.05. (петок)
• ~06:00 Пристигнување во Конитса, од автобус излегува групата која ќе оди до манастирот Мони Стомиоу (се стигнува за околу 1,5ч) и ќе шета низ Конитса, и мала група од Високогорската секција која ќе оди за Гамила доколку има услови, главнината оди кон с. Падес од каде се искачува Смоликас (7-8 часа во двата правци по одлично обележена патека);
• 07:30 Пристигнување на автобусот во с. Падес и тргнување кон Смоликас (автобусот ја чека групата во с. Падес);
• 16:00 Враќање на автобусот кон Конитса;
• 18:30 Собирање на сите групи и тргнување кон Тсепелово;
• 20:30 Сместување во шатори под настрешница до фудбалско игралиште;


3 ден - 12.05. (сабота)
• 07:00 Станување и доручек;
• 07:30 Тргнување со автобус кон с. Врадето (10 км од Тсепелово – околу 30 мин.) од каде стартува група за врвот Гамила и потоа завршува во с. Микро Папиго (околу 8ч; евентуално дополнително искачување на врвот Астрака – 2435 мнв или до езерото Драгон – дополнителни по 2 часа за двете), се поминува низ с. Капесево каде се застанува и се симнуваат сите што нема да одат до Микро Папинго – од тука до Врадето има 1,5 км одлично серпентински уредена камена патека);
• ~12:00 Автобусот тргнува од Врадето кон Микро Папиго (околу 60 км - околу 2ч) – во Микро Папинго треба да биде најкасно до 17ч; од таму може за околу 2ч да се стигне до домот Астрака по истата патека по која треба да стигне и групата од Гамила;
• 18:30 Враќање на двете групи во Тсепелово, вечера, ноќевање;

4 ден - 12.05. (сабота)
• 05:30 Станување, пакување на шаторите и доручек;
• 06:30 Тргнување со автобусот кон Монодендри (25 км – околу 1ч), од таму се пешачи низ Викос кањонот (национален парк) околу 4-5 часа до с.Викос каде ќе чека автобусот;
• ~12:30 Тргнување кон Скопје од с. Викос, по пат ако има доволно време во Костур ќе има два часа пауза;
• 22-23ч Пристигнување во Скопје.


Дополнителни информации:
- Спиење во хотели во Чепелово чини најверојатно 25 евра по ноќ, задолжителна е претходна резервација што порано, има една пекара и неколку таверни, вечера чини 12-18 евра, јавна чешма има, ВЦ во природа;
- Можни се евентуални измени во програмата и сатниците зависно од договорот со домаќините, во петок нема да имаме никој од домаќините со нас преку ден, тие ќе бидат најверојатно околу 30, за сабота можни се повеќе комбинации - ќе има 2 автобуса на располагање – во петок вечер краен договор;
- Патеките се добро уредени и маркирани слично на Олимп, за над 2000 мнв потребна зимска опрема (зимски кондури, гамашни, пожелно е да се носат и дерези за секој случај, па и цепин, и др.);
- Шаторите ќе бидат поставени два дена во Тсепелово (околу 1000 мнв), досега грчките планинари немале никакви проблеми околу безбедноста, за секој случај да не се чуваат пасоши, пари и сл. вредни работи во нив.

Различни мапи од планината: 1, 2, 3, 4.
Топографска мапа на планината Смоликас (1 МБ)
Дополнување: 5 ГПС записи од различни патеки, галерија од кањонот Викос, други линкови со текст и фотографии: 1, 2, 3, 4.

Сајт на селото Врадето

Сајт на селото Тсепелово

Сајт на селото Монодендри


РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер