Со божја воља и со помошта на Св. Недела, денес на 25.05.2005 год. го завршивме почнатото пред 6 месеци дело - видиковец на Матка - Св. Недела. По тој повод сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа да се доведе до крај започнатото. Видиковецот го посветувам на нашата заштитничка Св. Недела.         Видиковецот се наоѓа на малата платформа на 50-тина метри под црквичката од каде се пружа неопислив поглед на дел од Скопско поле, Шар планина, дел од Скопска Црна Гора и околните села Шишево, Глумово и Сарај. Панорамски слики од околината може да се добијат на состаноците во пл. друштво „Кораб“. |