|
Се лигави телото како муцка на ѕвер
Врие !
Чекор по чекор, стапка по стапка
Снегот ја лие мојата нога
Снегот ја мие мојата злоба
Се закротувам
Се лигави телото како муцка на звер
Врие!
Метар по метар, издишка по воздишка
Мирисот на борот ме мами
На патот само јас и борот сме сами
Се заљубувам
Се лигави телото како муцка на звер
Врие!
Копнеж по копнеж, дел по дел
И тебе планино ќе те изодам
На врвот ќе се исправам цел
А потем ќе ти се помолам
Со искреност, одвнатре јас врел
Се лигави телото како муцка на звер
Кон врвот
Чекор по чекор, дел по дел ........
|
|