Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.

ЗАБАВА НА 2000 МНВ


        Во текот на изминатиот викенд (01-03 Јуни) младинците од ПСД „Кораб“ - Скопје ја организираа акцијата „Ајде да се дружиме во центарот на Македонија на 2000 мнв, на Бегово поле под Солунска глава“. Акцијата инаку беше во рамките на одбележувањето по повод 10-годишнинатата на постоењето на ПСД „Кораб“. Идејата произлезе од младите членови на друштвото (Бојан Киров, Атанас Стојковски и Мила Искреновиќ) со цел да ја запознаат својата генерација со природните убавини на земјава, во случајов со планинскиот масив Јакупица која претставува своевиден јазол не само на планинарскиот, свет туку и на Македонија.
        Под мотото „Ајде да се дружиме во природа а не во затворени простории да разговараме меѓу себе, а не да комуницираме“ преку компјутери и телефони“, на закажаното место за почеток на акцијата во 11ч на 02.06.2007 пристигнаа планинари, велосипедисти, мотоциклист, параглајдеристи и љубители на природните убавини.
        Оние што беа присутни на настанот инаку единствен од ваков вид досега организиран во земјава, долго време ќе го паметат. Прво по идеалните временски услови кои овозможија фасцинантна глетка на уникатната природа, потоа по вкусно подготвената планинарска храна, и се разбира по музиката која во разновидните ритмови (рок, блуз, поп ... и страшното аргентинско танго) и се препуштија на одисејата на слободата на духот што не може да се доживее на друго место.
        Врв на возбудувањето беше кога хеликоптерот на АРМ „исфрли“ десетина падобранци од клубот „Скопје“ чие спектакуларно приземјување беше поздравено со овации.
        Дружењето во неописливо опуштена атмосфера продолжи до 16ч. Величествената Солунска глава, час обвиткана во облаци, час облеана во сонце им отпоздравуваше на избраните кои дојдоа да се поклонат пред нејзината убавина.
        Незаборавните моменти не се повторуваат. Гласаме за тоа сепак ако може оваа акција да стане традиција.
        На крај извонредно успешно организираната акција (ретко кој би се нафатил да организира вакво нешто уште и непрофитабилно) не би била можна без Министерството за одбрана на РМ на чело со министерот Лазар Еленовски, благодарност за неговото разбирање и на АРМ за логистичката поддршка (камиони, кујна, хеликоптер, шатори, вреќи за спиење), на Тито Петковски кој ги обезбеди спонзорствата и благодарност за спонзорствата на „Рудине“, „Вегера“ и на претставништвото на „Колор“ од Словенија. Акцијата медиумски ја поддржаа радијата: Буба Мара, Антена 5 и Канал 4.
        Искрена благодарност до сите што дојдоа и ја поддржаа акцијата.

        ПСД „Кораб“ - Скопје
        07.06.2007 год.

        Неколку фотографии од настанот:

Доаѓањето на учесниците на забавата Доаѓањето на учесниците на забавата
РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер