Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.


КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ПСД „КОРАБ“


        ПСД „Кораб“ е здружение на граѓани основано и регистрирано на 18.03.1997 год. Адреса на друштвото е ул. Јордан Хаџиконстантинов - Џинот 12а контакт телефони се 02 2628 579, 070 712 573, E-mail: contact@korab.org.mk, вебсајт www.korab.org.mk.
        Органи на друштвото кои се избираат на секои 4 години се: Претседател на друштвото (сега е Котевски Љубомир) (ljubo@korab.org.mk) којшто истовремено е и Претседател на извршниот одбор, Извршен одбор, Надзорен одбор со претседател (сега Стојкович Бобан), секретар (сега Синадиновски Арсо), благајник (сега Соколовски Слободан кој е и претседател на Алпинистичката секција), домаќини на пл. домови Тортевски Слободан и Соколовски Слободан.
        Друштвото во текот на годината има просечно околу 200 члена со платена членарина и Предавање на знамето на Европската Унија на нашето друштво од нивниот претставнике најмасовно во земјата, освен од Скопје има членови од неколку градови во Македонија како и многу странски државјани, просечната старост е 32 години.
        Зачленувањето и информи-рањето за активностите на ПСД „Кораб“ се можни на редовните состаноци кои се одржуваат секоја среда во 20ч во салата на Сојузот на спортови на Скопје во Градски парк (позади ресторанот Томче Софка) или преку електронските и пишани медиуми и, се разбира, преку овој вебсајт.
        Друштвото има две секции, алпинистичка која е една од најактивните во Македонија и ги има искачено сите насоки во земјата, и планинско-спасителна која интервенирала повеќе пати, за одбележување се повеќе случаи кога истата успешно интервенирала кога биле загрозени животите и здравјето на планинари и туристи.
        Со над 50 организирани акции годишно ПСД “Кораб“ е најактивно планинарско друштво во Македонија, најзначајна од нив е традиционалното меѓународно искачување на “Голем Кораб“ по повод 8-ми Септември Денот на државноста, чиј организатор со помош на АРМ и МВР е друштвото.
        Позначајни успеси се: искачување на Ухуру пик (5895 мнв) од тројца наши членови, 8 искачувања на Мон Блан (4807 мнв - највисок во Европа) со вкупно 39 искачени планинари од ПСД „Кораб“, Арарат (5165 мнв - највисок во Мала Азија) во Турција искачен 2 пати од двајца планинари, трет висински логор (7054 мнв) на Мустаг-Ата на Памир, Ерџијас (3951 мнв) во Турција искачен 4 пати од 4 планинари од друштвото, Олимп (2917 мнв) во Грција искачен 9 пати од повеќе од 150 планинари од друштвото, Мусала (2925 мнв - највисок на Балканот) искачен над 30 пати од повеќе од 200 членови на друштвото, сите познајчајни врвови во Македонија, голем број останaти врвови во соседните земји Србија и Црна Гора и Бугарија.
        Друштвото соработува со многу друштва од земјата и странство, во изминатиов период најмногу со ПД „Железничар“ од Белград.
        Овде може да го погледате Деловникот за работа на друштвото.

РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер