Турно Скии Качување:
Томе и Горан конечно на Титов Врв 2747м со турно скии

Само што се наведнав да го погледнам часовникот, на тротоарот пред автобуската станица „Симпо“ во Карпош 1,  пред мене застана Лада-Нива. Стрелките на часовникот покажуваа точно 7 часот. Томе ме поздрави со насмевка. Не ми се веруваше дека сме и двајцата толку точни. Си помислив, точноста е добар знак за почеток на нашиот предизвик. Предизвикот беше голем: Да се искачи Титов врв со турно скии. А денот, петок 25 март 2011 год, беше како нарачан. Тивко утро, без ветер, релативно топло за март месец, а ниту едно облаче на хоризонтот,
Не се имавме долго време видено, па, времето ни беше кратко за да можеме да ги разговараме сите теми што не интересираа и двајцата.

DFG D

Незабележително брзо стигнавме на паркингот пред хотелот Попова Шапка. Немаше, речиси, ниту една друга кола, само неколкумина, веројатно локални работници, што си го пиеа своето утринско кафе уживајки во сончевите зраци.
Некаде околу 9 часот поминавме покрај малата црква и го фативме правецот кон Антените, качувајќи се паралелно на скии-лифтот поставен на патеката, популарно наречена „Аеродром“. Првата пауза ја направивме на висорамнината, односно подножјето на врвот Церипашина.  Само што се раскомотивме, Томе ми понуди од неговите карамел бонбончиња, се напивме по една голтка топол чај, пред нас како од никаде изникна еден планиран со турно-скии. Бевме видно изненадени од оваа појава. Не очекувавме ама баш никого на околу 2100 мнв, на Шар Планина, во петок претпладне. Го поздравивме со „Здраво“ , а тој ни одговори со „Халло“.  Странец си помисливме и јас и Томе. Се претстави - Марек Рабиш од Полска. Дошол е со една група од 7 турно-скијачи од Полска, да ги запознаат нашите планини и условите што ги имаме за турно-скијање. Понатака продолживме тројцата во насока на Церипашина, па Карабунар. Следната кратка пауза ја направивме на седлото пред да почнеме со качување на врвот Бакардан 2700мнв.

EGH ERG

На врвот Бакардан бевме некаде во 14:00 часот. Се искачувавме од источната, доста стрмна страна. Но, затоа пак имавме прекрасна панорама на југ кон автопатот Тетово-Гостивар. Поприлично не измори стрмнината ама затоа Бакардан, на врвот не награди со една чудесно убава глетка на западниот планински масив - Корабскиот масив на Македонија и Албанија. Земавме малку здив, но, само за кратко. Не чека последната етапа: прво спуштање од околу 350м, па качување на Титов Врв. Ветерот се засилуваше, но сонцето и понатака неумолливо блескаше. Бевме изморни, но некако задоволни и полни со надеж дека ќе успееме. Некаде кај 15 часот би требало да сме на Титов Врв.

G EG

Во далечината се забележуваа силуетите на останатите членови од полската група. Тие веќе се спуштаа надолу од Титов врв. Се сретнавме точно кај осамената карпа на подножјето од Титов Врв и Бакардан. Мала пауза, краток разговор, времето веќе притискаше и ние тргнавме нагоре кон Титов Врв, а тие, со краток слалом, лево од Бакардан, па понатаму со искачување на северната страна, па преку длапката меѓу Бакардан и Карабунар.

WEGWE WEG

Последната етапа беше за тројцата многу исцрпувачка. Како планиравме, така и стигнавме. Точно беше 15:00 часот. Само не планиравме дека ќе бидеме толку истоштени, а треба уште и враќање назад со повторно качување на Бакардан. Сето тоа не не правеше осбено зборлести и претерано задоволни. По задолжителното фотографирање на врвот со скијачката опрема, кратката пауза и освежување тргнавме со скиите надолу.

WEG WEG

Убави се моментите кога се скија надолу. Правејки лесни завои во подмрзнатиот снег, беше вистинско уживање кое траеше кратко. Повторно ставање на кожите и везовите за качување на Бакардан. Полека ги трошиме и последните сили. Ветерот се засили, станува сe поладно, сонцето се спушта, полека, но сигурно кон западот. Стигнуваме на врвот Бакардан, нема време за разговори, се вадат кожите се местат везовите за спуст и бргу надоле. Позади нас прекрасни траги во снегот, глетка која ни дава сила. Сонцето веќе заоѓа, поигрувајќи си со боите на хоризонтот. Темно жолтото се претвора во црвено, па до речиси виолетово - вистинска магија на природата. Хоризонтот, врвовите обоени во бело, сонцето и синилото на небото, се соединуваат во еден момент на вистинска хармонија, тишина и опуштеност...

WG WEG

А ние тројцата немаме многу време, мораме брзо назад. Веќе се стемнува, а скијање во темно уште не сме вежбале. Сега е вистинскиот момент. Томе ги црпи последните сили и елегантно, технички супериорно со таква леснотија се спушта надолу, чиниш, сакајќи да и покаже на планината дека е дел од таа хармонија. Ние го следиме тифко и успешно.

Без пауза некаде во 18:30  часот сме тројцата во бачилото до црквата. Таму не чекаа останатите алпинисти од Полска и не наградија со по некоја чаша пивце. После караткиот одмор и договор утре да се сретнеме во Маврово во 7 часот наутро и да ја реализираме вртората турно-скии етапа: Кораб. Вечерта во Маврово, во една пријатна и топла колибка, со лесна вечера, со пријатни разговори и спомени од успешното качување и со по некоја чашка црвено вино, заслужено се одморивме. Со мислите и надежите потајно бевме веќе во утрешниот ден - кон Кораб.

Горан Рафајловски
НАЗАД

ЉУБОТЕН (2499м) 16,01,2011
ljuboten
Со огромна желба да првата групна зимска акција за 2011 година на ПК Кораб од метеоролошки аспек да биде иста како нашата последна на Титов Врв со многу сонце ,слаб ветер и без ни еден облак на видик на 16ти јануари 2011 година 13мина зимски трагачи на авантура и возбуда тргнавме кон Љуботен - Најсеверниот врв на Шар планина. Љуботен е висок 2499 m. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети – тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен...Ова доволно зборува за него. Секој ден го гледам од мојот двор во Скопје одалечен 60км воздушно како двои од другите врвови  и плени со својот облик. Едноставно мора да се качи бар еднаш во текот на зимската сезона. За повекето од нас ова беше прво качување на Љуботен за оваа сезона 2010/2011. Возиме кон Старо Село на 900 метри надморска височина и потајно секој од нас планинарите кои повеке пати биле на Љуботен до сега, си велат во себе – Дај боже да овој пат го качиме врвот и се насладуваме на сртот и глетката кон цела шара без притоа да има магла  како што до сега во последниве 4 години ни се погодува секој пат кога ке решиме да одиме на Љуботен. Јас лично од врвот на љуботен најдалеку што имам видено е 10 метри пред мене J ! па сега вие видете што значи Љуботен и колку срека треба да имаш за некој што оди прв пат на него да му се погоди феноменално  време. Местоположбата на врвот е таква да горе времето се менува во рок од 5 минути и е изложен на ветерот од север и претставува природна бариера за останатите врвови јужно од него. Многу често се случува да на Љуботен биде облачно и ветровито а на Пирибег и врвовите појужно од него да биде чисто и со помалку ветер. Да не заборавиме дека ние како планинари високогорци кои одиме на планина над 2500 метри во Јануари сепак не смееме да се жалиме и да бараме горе пролет и кокичиња бидејки сепак ова е зимска тура на висока планина и секое време си има свои предности и убавини, на крај краева сите сме опремени со добра зимска опрема, кондури, дерези, цепини, маски и сме решени да се качиме горе. Но да го оставиме сега времето ветерот и облаците за горе кога ке дојдеме до планинарскиот дом, сега да се вратиме во Старо село. Во 07ч 15мин го оставаме комбето негде над селото и тргнуваме по широкиот шумски пат кон планинарскиот дом Љуботен на 1650 метри. Утрото е свежо делумно чисто и без облаци а над нас високо во шумата се слуша звукот на силниот ветер кој ги ниша гранките иако се голи и без лисја. А ние сме тргнале баш натаму. 1ч и 45мин лесно трекинг шумско движење додека да дојдеме во планинарскиот дом. А тамо домарот не чека со топол чај и по некоја ракија да не освежи да земеме малце сила и потоа по 30 минути пауза да се упатиме нагоре кон Љуботен. Се оддалечуваме од домот нагоре а снегот е се потврд и не се пропага воопшто. Тоа ни се допага бидејки имаме прилика да се качуваме со дерези и да вежбаме движење по изохипса и осигурување со цепин. Времето е променливо воглавном сончево со наноси од снежна прашина од повисоките делови на планината но полека и сигурно ја следиме маркацијата и напредуваме нагоре. Планираме во 13ч да излеземе на врвот. Негде на 2200 метри се упатуваме во лево над Козја стена 2100м, огромна, осамена и издигната стрма камена падина и го фаќаме самиот срт со последните 300 висински метри до врвот. Најатрактивниот дел од качувањето поготово и кога ке се отвори поглед без облаци и магла,  а ние буквално одиме по ивицата на остар срт како нож се до самиот врв. Величенствен пат со огромни стреи од северна страна и длабока провалија кон јужниот дел од сртот. Оваа делница бара голема внимателност поради јакиот ветер кој дува и скриените стреи и карпи наполнети со снег. На неколку пати застануваме кога времето е поволно и правиме по некоја фотографија. Вистински фотографии за изложба. Додека ги качувавме последните 300 метри висински на неколку пати врвот се расчистуваше пред нас и се покажуваше шпицот од оваа бела пирамида кон која чекоревме.Поглед од кој воздивнува секој високогорец и брзаме да се качиме горе додека е така чисто и бело. Конечно во 12ч.45мин , 15 минути пред определениот тајминг излегуваме на врвот, првин ние 3цата помлади планинари мегу кои и една гостинка, девојка од Белгија а по 10 минути и останатиот дел од екипата. Во тие 15 минути поминати на врвот, овој пат видикот ми се прошири и сега гледав неверојатни 20 метри пред и околу мене J но да не се жалам вредеше секој метар искачен и совладаната висинска разлика од 1600 метри.
Ако некој од вас планинари и високогорци планира искачување на Љуботен во брзо време, ке биде изненаден  од тоа што ке го види кога ке дојде горе на врвот. Како маркација и кота на Љуботен моментално стои наопачки забодена во снегот палка за играње голф. Палка која ја оставија на врвот 2ца наши планинари пред 1 месец кога се качија на љуботен по убаво и чисто време и од кога изиграа по една партија голф горе на врвот ја оставија палката како спомен и маркација на љуботен J Али тоа е друга и долга приказна за нивната авантура ! По направените фотографии поради ладното време одма тргнавме надоле да се спуштаме со исто толкаво внимание како што се качувавме бидејки знае секој планинар високогорец , акцијата е успешно завршена кога ке се симнеме здрави живи доле во село и ја најдеме првата отворена селска продавничка (коперација на селски дијалект ) и принесеме по една жртва кон боговите на планината – ладно пиво J како благодарност што безбедно се качивме и се симнавме од изузетно атрактивниот Љуботен. И за крај на оваа приказна ... мора пак да се дојде оваa зима на Љуботен !!! ФОТО
Игор Тодороски Дивиот

НАЗАД

Нашата последна зимска тура во 2010

titov

18 декември 2010 година. Св.Никола. За многумина од нас Скопјани е куќна слава, а останатите се на гости кај своите блиски и пријатели. Но тоа не беше никаква пречка да една група планинари од ПК Кораб од Скопје биде точно на време во 6 часот утрото на 19 декември на договореното место за поаѓање на нашата зимска планинарска акција на Шар Планина. Нешто по 6ч тргнуваме кон Тетово. Излагаме од Скопје и на автопатот пред Тетово се разденува. Првите сончеви зраци ги осветлуваат највисоките сртови на  Шар планина, почнувајки од север со Љуботен па Пирибег Кобилица Вртоп централниот масив со Церипашина Бакардан Титов Врв па се до Враца на јужниот дел на Шара према река Радика и Кораб. Небото е чисто и денот ветува една феноменална зимска тура на Шар Планина. Инаку шар планина како планински масив се протега 76км во должина и 10-25км во ширина. Има 27 врвови над 2000 метри и 39 глацијални леднички езера. Зафака површина од 1600 км квадратни од кои 56 % и припагаат на Македонија. За денес тргнавме офанзивно и во план ни е да го качиме највисокиот врв на Шара – Титов Врв 2747 мнв а за да дојдеме до него ке мора да ја качиме Церипашина 2525 и Бакардан 2700 метри. Нашата стартна точка е Попова шапка на 1700 метри. Во 8 часот стигаме на паркингот правиме последни проверки на опремата се мачкаме со крема за сончање и поаѓаме нагоре према Церипашина покрај истоимената жичара.Претходната нок наврнал тазе снег и тоа ни задаваше потешкотии бидејки на моменти се пропагаше во снег до појас така да за почеток ни се виде доста напорно качувањето на Церипашина, но чим излеговме горе на срт на 2500 метри веке ситуацијата беше друга. Газевме тврд смрзнат снег,а наместа и само трева и земја бидејки тешко се задржува снег горе на сртот се до Бакардан. Но ако сега веке не пропагавме во длабок снег тогаш јакиот ветер по сртот ужасно ни задаваше отпор во движењето а на моменти не соборуваше на земја. Се движевме умерено и напредувавме според предвиденото темпо при тоа уживајки во поглед во недоглед од 360 степени. На дланка ја имавме цела Шара, Проклетие на запад, Јакупица со Солунска Глава во централна Македонија па се до Пирин на Исток во Бугарија. Денот беше прекрасен и немаше облак нигде на видик. На Церипашина бевме во 11 часот а од тамо ни се отвори поглед кон Титов Врв а тоа ги мотивираше сите да продолжат со нови сили напред. Под нас ја Гледавме Горна Лешница-прекрасно место од Шара идеално да се посети на пролет и лето, оградена со Плат и Среден Камен 2465м, грандиозен карпест врв. Продолживме по сртот при што од Церипашина се спуштивме на 2200 метри во седлото под Бакардан познато како Казани. Поради тоа што времетраењето на денот во овој период од годината е најкратко, решивме да го заобиколиме Бакардан од левата страна по изохипса и така да дојдеме до Седлото под Титов Врв при што заштедивме временски а богами и сочувавме и доста енергија за финалниот успон кон врвот. Ехх кога ке си го вратам филмот назад ... пред точно една година на истава тура, за разлика од денес кога сме скоро во седлото пред врвот, тогаш не успеавме да дојдеме ни во седлото пред Бакардан. Планината не ни дозволи ке речат постарите планинари, и точно и така е ! колку сакаш биди физички спремен кога не е денот не е денот и нема инат и идење со глава у зид. Шар планина на зима знае да биде многу сурова поготово сртот од церипашина до самиот Титов Врв. Лани ова време ладниот јак северен ветер и ненормално јаките наноси на снежна прашина не соборија во седлото под Бакардан и не можевме ни да помислиме да продолжиме нагоре. Пола пат го поминавме со лазење и лежење на земја за да не не оддува ветерот од сртот. Но овој пат е друга ситуација. Ете не нас скоро веке на седлото под титов врв. Правиме пауза за чај храна благо и го посматраме врвот со прочуената камена кула на него. А лево од него на дофат е и Мал турчин 2702 метри, но него ке го оставиме за нареден пат. За денес доста ни се качени 3 те највисоки врва на Шар Планина со вкупен успон од 1500 метри. Конечно тргаме кон последниот успон до врвот и после 30 минути стигнуваме на целта. По 6 часа поминати во искачување (заедно со паузи) конечно успеавме да го совладаме врвот. Стоиме на 2747 метри и уживаме во заслужената глетка на сите околни врвови над 2000 метри кои штрчат над маглата и смогот доле во котлините. Повторуваме географија ги набројуваме околните врвови и висините и правиме планови за наредни зимски тури. Срекни сме што ние оваа група планинари денес стоиме 2500 метри повисоко во облаците од сите останати 2 милиони наши сограѓани на Македонија. Тие се под нас во смог и маглата а ние уживаме на сонцето и чистиот воздух на Шара. За оваа глетка и спокој вредеа 6ч качување и борба со ветерот и потрошени 5300 калории (CCal). Колку за споредба на Скопскиот маратон се трошат 2800 калории (42км) а на
Фрушкогорски ултрамаратон (103 km) 9900 калории. Сепак титов врв во зимски услови е една доста захтевна и долга тура од скоро 25км и никако не смее да се свати лагано и несериозно. И да ни е јасно на сите – врвот ке го качиме тогаш кога ке ни дозволи планината. Ние сме и благодарни што на 19 декември имавме идеални услови за Титов Врв. фото

текст: Игор Т. Дивиот

НАЗАД

ОЛИМП Јуни 2010

Група од 15 планинари тргнавме утрото во 6,15 часот со страртна позиција на 1100 м.н.в. кон врвот. Најмалдиот член на оваа група беше Давид Леон (9г.), а највозрасниот Димитрина (74 г.) на која и беше ова 15-то искачување на Митикас. Врвот Митикас го искачувавме од страната на Стефани, каде што ни се приклучија уште тројца наши членови кои попатно искачиле уште 3 врва (Томе, Виктор и Миле Лавина). Оваа страна е со нагиб од околу 70 степени и е мошне ризична за искачување што на оваа акција и дава посебна тежина. Враќањето беше преку Скала.
ФОТО

НАЗАД

олимп
Во неделата 30,05,2010 се одржа традиционалното 29-то искачување на Титов врв. ПК Кораб во рамките на ова акција зеде учестов со 60-тина свои членови. Дел од членовите заминаа уште претходниот ден и во рамки на подготовките за Монт Блан преноќуваа во кулата на Титов врв.
фото Виктор

Во неделата поголемиот дел од групата одеше по стандардната Вакуфска патека, додека друга група од 15 планинари замина по патеката преку антени и Бакардан. Патеката беше претежно сува со одредени делови под снег. Време пријатно за пешачење. фото

НАЗАД

titov vrv

Во периодот меѓу 21и 24,05 2010 ПК Кораб организираше планинарска тура на Пирин Планина - Џангал, Безбок, Голем Полежан. фото Федеричи пирин

На 17,04 2010 тргнавме од Караула Победа негде околу 8 часот. Натоварени со опрема во просек околу 20 кг. тргнавме во пазувите на Кораб. Движењето се одвиваше полека најповеќе поради влажниот снег и неговата длабочина на одредени делови. За жал на Кораб не постои зимска маркација а движењето нарочно во магла и ниски облаци бара исклучително внимание. Поради лавински појаси решивме да го заобиколиме делот од кај Кобилино поле и се упативме преку сртот. Температурата на воздухот беше исклучително висока негде во просек околу 15 степени иако цело време се движевме во облаци. Негде околу 14 часот решивме да поставиме камп (висина 2300 м) и да се надеваме дека утрото ќе донесе убаво време за искачување на врвот. Во кампот редовни активности, топла супа, малку муабет и план за утрешниот ден. Ноќта температурата се движеше околу нулата. Утрово разочарување, видливоста падна на околу 5 метра, и поради невозможност за ориентација по такво време решивме да се вратиме назад. Се на се едно убаво искуство за камп во зимски услови.
фото Симо
фото ВИКТОР

НАЗАД

кор

ПРВО ТУРНО ИСКАЧУВАЊЕ НА КОРАБ ВО 2010 Г.

Велигден 2010. Рафајловски Горан го искористи празников за несекојдневен подвиг. Во продолжение текстот на Горан Рафајловски

Kako mojot son stana realnost

Trgnav sam so avtomobil od Skopje rano nautro vo 6 h. Na avtopatot vo Gostivar mi  pridruzi Jove mojot star prijater planinar.
Pred Karaulata bevme nekade vo 9h. Se pozdravivme so dvajcata cuvari na Kaptazata razmenivme nekolku razmisluvanja okolu vremeto i uslovite na planinata i trgnavme ... Vremeto bese soncevo i temperaturata okolu -4 stepeni. Idealno za iskacuvanje. Snegot stegnat odnossno blago smrznat osven na juznite padini kade pod dejstvoto na soncevite zraci i toplina pokazuvase znaci na blago topenje. Nekade na eden cas i polovina pred vrvot Jove zastana i od pricina sto toj bese bez skii, mekiot sneg ne mu dozvoluvase lesno i brzo dvizenje. Propadjase do nad kolenici. Toj poteg odnosno juzniot srt pred vrvot e i malku rizicen po odnos na lavini. Jas rizikot go namaliv so toa sto se iskaciv na najvisokata mozna kota od srtot i potoa npraviv kos smuk i vo rok od nekolku minuti bev na drugata strana od srtot. Istoto go povtoriv i na vrakanje. Edinstven mal problem e sto treba nekolku minuti vreme da se odlepat kozite od skiite, da se namestat odnosno fiksiraat vezovite od pozicija odenje vo polozba skijanje. I seto toa na temperatura pod nula. No jas imav sreka sto ne bese taka ladno, juzna strana i bez veter. Na zalost nemam fotografii od ovoj mozebi najvozbudliv del na moeto odnosno naseto Iskacuvanje. Sekade naokolu tisina, tisina koja opusta i smiruva, tisina koja oplemenuva i gi bistri mislite. Samo ponekoja ptica so maftanjeto na krilata ke ja razbudese ovaa snezna prostrana tisina nosejku poraka deka uste malku treba napor i da se dojde do vrvot.
Taka prodolziv sam i na vrvot Korab bev okolu 13.30h. Vozbudata, zasilena so soznanieto deka prv pat se kacuvam so skii na najvisokiot vrv na Makedonija, osobeno poslednite stotici metri bese ogromna. Cuvstvoto deka vrvot e pred mene mi davase dopolnitelna sila. Poslednata snezna strea na samiot vrv ja zaobikoliv, nemav hrabrost da ja presecam. Na vrvot bese mirno skoro bez veter, soncevo i termometarot mi pokazuvase -3 stepeni. Idealno vreme za spustanje i uzivanje vo spustanjeto. Takvo nesto retko se dozivuva. Spustanjeto ne traese poveke od  cas i polovina...
Sigurno e deka idnata zima ke otidam uste nekolku pati na Korab. Korab ednostavno nudi idealni uslovi za turno skijanje! I Korab e bezbeden i vo Zima ako se vnimava na uslovite, snegot i vremeto....

Goran Rafajlovski фото

НАЗАД

горан 1

горан 2

горан 3

Дурмитор (Боботов Кук) 26.7.2009

Ветив дека ќе напишам нешто за ова наше патешествие, и еве, поминаа три дена како сме вратени од Црна Гора, а јас сè уште не сум сигурен дали сакам да напишам неколку збора за преубавата планина Дурмитор, за прекрасното Црно Езеро, за импресивната Ледена Пештера за фасцинантниот кањон на Тара, за атрактивниот врв Боботов Кук или за најдолгиот пат до Жабљак во Црна Гора. Да го напишев ова веднаш кога се вративме, ќе превладаше - враќањето од граница, арогантноста и подмитливоста на косовските полицајци, лошиот пат или ужасната гужва на патиштата низ Косово, меѓутоа, поминаа три дена и полека успевам да ги заборавам нашите балкански идиотштини, а да ги запаметам само убавите пејзажи на Дурмитор.

Од Скопје тргнавме со две возила, еден минибус со 17 планинари во четвртокот навечер + еден автомобил со 4 планинари во петокот рано изутрина. Како и да е, во петокот претпладне сите стигнавме во Жабљак, попатно воодушевувајќи се на Тара со поглед од 150 метра високиот мост. Единствено жалам што немавме повеќе денови па барем еден ден да уживаме долж брегот на кристално чистата и брза река. Остатокот од денот во петокот го поминавме во прошетка и капење во Црното Езеро и одмор од напорниот пат. Вечерта прошетка во Жабљак, некоја кафеана...

Сабота, најавено, најтоплиот ден, во 6 часот, бевме подготвени за тргнување на Боботов Кук (2523). Патеката води низ прекрасна борова шума, потоа крај едно бачило кадешто може да се наполни изворска вода, по релативно благ терен, сè додека конечно не го здогледате импресивниот Боботов Кук. Теренот веќе не беше толку пријатен за пешачење, сипари, остри и нестабилни карпи, лизгав снег ... Како одминуваше денот - температурата сè повеќе растеше, а залихите со вода се намалуваа. Под самиот врв, веројатно од снегот што сеуште се топи, мало водопадче, не е лесно да се стигне до него, но сепак... Уште малку напор и награда за пролеаната пот - прекрасен пејзаж уште под врвот, поглед на прекрасно Големо Скрчко Езеро вгнездено во острите карпи. Уште малку качување по стрмните литици и стигнавме на Боботов Кук. Прекрасен поглед. Газдарицата на куќата каде што бевме сместени - Баба Ката - претходната вечер ни раскажуваше дека од тука може да се види споменикот на Авала. Не сум убеден во тоа, ама, сепак глетката е спектакуларна... На врвот останавме околу половина час и повторно надолу по стрмнината. Кога се собравме долу, донесовме одлука дека е глупаво да не појдеме и до Ледената Пештера, до која се стига со скршнување од патот, за 25 минути. Се покажа исправно, има што да се види во пештерата – прекрасни фигури од мраз, спили пополнети со мраз... Спуштањето во пештерата ќе беше многу тешко да не беше тука Зоран - алпинист од Ваљево кој ги воведуваше своите два сина во тајните на алпинизмот, па и нам ни дозволи да го користиме неговото поставено јаже на влезот во пештерата. Се спуштивме речиси сите. Внатре, дури на така топол ден темпертурата беше само неколку степени над нулата, а ние на кратки ракави, па, набргу моравме да излеземе надвор.
Враќањето секогаш е потешко – не сум сигурен дали е тоа заради заморот, или заради нестрпливоста да се стаса до ладното пиво во Жабљак, сепак сите стасавме назад, малку уморни и жедни, ама исполнети со позитивна енeргија која можеше да ја собереш само на планина. За целата тура нам ни беа потребни околу 11 часа. Напорна ама преубава тура.
Недела, времето сериозно залади, не чекаше долг пат. Да не се повторувам - за патот нема да пишувам. Вечерта сите бевме дома.
Пепи Дамјановски

НАЗАД


zabljak

2

5

ФОТО

НА ГОСТИ КАЈ ЗЕВС И ХЕРА

Традиционално, секоја година на крајот на јуни, ПК Кораб организира искачување на Олимп и кампирање на брегот на Егејското Море.  Така и оваа година, во саботата на 27 јуни, некој час по полноќ, полн автобус планинари и туристи, се упативме кон кампот Евридики, во близина на Литохоро, во подножјето на Олимп. Утрото, ги отворивме шаторите и правец на плажа, да го искористиме денот. Утредента, на 28 јуни, 29 планинари се упативме кон Олимп. Тргнавме од паркингот на Приони на 1100 мнв. Тој ден се одржуваше традиционалниот маратон Олимп 2009. Околу два и пол часа ни беа потребни да се стаса до планинарскиот дом Рефуж’А на 2100мнв, патем разминувајќи се со најбрзите маратонци кои веќе се симнуваа. На планинарскиот дом направивме пауза од 30-тина минути воодешувајќи се на чистотата и уреденоста на истиот. За жал магливото време го задскриваше инаку прекрасниот поглед од терасата на домот.  Маратонците пристигаа во се поголем број. Имало 500 учесници, како што ни кажаа на една контролна точка. По еден час искачување групата се подели на два дела. 13 отидоа на врвот Сколио 2912 мнв, а ние 16 тргнавме кон Митикас 2917мнв. Планот беше Митикас да го искачиме од насоката Стефани, првиот дел е лесен, блага падина, брзо напредувавме. Почна да врне, не бевме сигурни дали Зевс не сакаше да го вознемируваме или пак Хера повторно му се беше налутила, но дождот врнеше се посилно. Како да виде дека немаме намера да се откажеме, кога дојдовме на карпата под самиот врв, подпрестана. Искачувањето на Олимп од страната на Стефани не е за потценување, а и уште по влажни карпи... повторно имавме среќа, иако одевме без никакво обезбедување, поминавме неповредени, можеби некои малку подисплашени од опасноста ама горди за совладаната насока. На врвот се задржавме околу половина час. Направивме по некоја фотографија, иако маглата не ни дозволи потполна видливост, но, така е на планина, за нешто имаш среќа за нешто немаш... Ни преостана симнувањето - потешкиот дел. Се симнувавме кон Скала, полесна насока, но, лизгавите карпи не дозволуваат воопшто да се опуштиш. Требаше двете групи повторно да се спојат на Скала, но поради дождот, групата што беше на Сколио, продолжила кон домот каде што се собравме. Малку одмор и надолу кон Приони. Се ќе беше супер, ама боговите повторно си поигра со нас, не почестија со силен пороен дожд и град. Таму каде што на качување имаше суводолици, сега течеа реки. Накиснавме до гола кожа, мислам дека да скокнев во море немаше толку темелно да накиснам. Кога стигнавме кај автобусот, дождот веќе престана, ама во ранците немаше ништо суво. Памет за другпат, сe во ранецот да биде завиткано барем во две најлонски ќеси. Среќа што е лето и што со намалувањето на надморската висина се покачи температурата, инаку утредената веројатно ќе имаше еден куп болни. За наша голема радост, од дождот во кампот немало ни трага. Инаку...
Понеделникот беше ден за одмор, а во вторникот требаше да одиме во кањонот на реката Енипеа. Го одложивме за четврток, за да имаме време да ги исушиме чевлите. Во вторникот вечерта прошетавме низ Паралија, некое гиро, некој сувенир...
Среда - плажа, сончање, дружба... Во четврток изутрината околу 7,00 часот тргнавме од Литохоро, нагоре по кањонот на реката Енипеа. Според легендата тука се капеле музите, а тие секако знаеле да изберат прекрасен предел. Кристално чиста вода, водопадчиња, езерца на кои површината на водата им се прелева во нестварни нијанси на бои, со еден збор прекрасно. Уредена стаза, која 7 пати со дрвени мостчиња ја прескокнува реката. Легендата вели дека Зевс честопати загледувал во некоја смртничка, па затоа го предизвикувал гневот на Хера, изгледа дека историјата се повтори, ама овојпат во поблага форма. Пак дожд. Овојпат не беше страшно, наскоро стасавме до светата пештера со мала црквичка, каде се засолнавме од дождот. Дел од групата продолжи кон манастирот Св. Дионизиј. На враќање, пивото и гирото во Литохоро, личеа како кралски ручек по напорниот ден.
Во петокот една група отиде на Метеори, а останатите на плажа, во саботата појдовме до Лептокарија, вечерта на ноќно капење, па дружба, а во неделата попладне си ги собравме шаторите и правец Скопје виа Гевгелија. Ако на почетокот се двоумев дали да појдам на оваа тура, сега знам, догодина ќе одам пак.
Пепи Дамјановски

НАЗАД

 

 

ФОТО

ЕДЕН ВОЛШЕБЕН ПРЕДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА


Да беше 25 мај (понеделник) работен ден и да траеше толку долго сигурно немаше да го раскажувам како најубав понеделник досега J. Околу 8 часот утрото 12 планинари од Скопје и 18 од Прилеп се сретнавме во Маврови анови, претходно договорени за маршута: Штировица - водопадот на Кораб - селата Жужње и Нистрово. Стартувавме дождливо, во 9 часот од караула Штировица. Попатно не дуваше и малку повеќе ветар, но сепак сонцето беше присутно цело време. За околу четири и пол часа ни се отвори прекрасен видик кон водопадот, кој сите не воодушеви. Тука уживавме околу еден час, по што дваесет од групата се упативме кон село Жужње и Нистрово, а останатите десет се вратија назад кон караула, каде што им беа возилата. Водопадот беше тоа што очекував најмногу да ме воодушеви на оваа тура, но набрзо незнаев каде побрзо да погледнам. Пешачевме, низ разновиднни предели, преубава хармонија на масивот и разнобојните ливади. Некаде околу 17 часот и се приближивме на Длабока река, а веќе на стемнување, околу 20 часот бевме во Рибница каде што не чекаше минибусот.   Навистина беше прекрасен ден, не “три во едно туку повеќе во едно”, дожд, ветар, сонце...снежна патека, убави пролетни бои, супер дружење! Поминавме еден волшебен предел од Македонија, им препорачувам на сите вљубеници во природата да го прошетаат, а ние верувам ќе го посетиме уште многу пати.
ФОТО

Во прилог и уште една фото репортажа од Виктор од 24-25. 05 2009 - Учесници Виктор, Лиле, Славчо, Вики - ФОТО

НАЗАД

VODOPAD 1


VODOPAD KORAB 2

ПЕЛИСТЕР - МУРАТО
08-10. 05. 2009

ПК КОРАБ во рамки на својата редовна програма учествуваше на Дваесеттиот традиционален марш Димитар Илиевски-Мурато. Полн автобус со среќни и весели планинари и планинарки се истовари негде околу 21 часот пред Молика и за околу 30-ина минути пристигна на Копанки, каде што веднаш се сместивме и нормално веднаш си ги зазедовме местата на асталите за да ја изгаснемеме жедта (бевме многу примерни).
Другиот ден како што е ред си станавме кој порано кој подоцна и ја здувнавме накај Врвот од страната од Палиснопје и Широка - маршута која ја одредија домаќините. По патот мали одмори и еден поголем кај Ловечката куќа за да до 12 часот пристигант сите учесници на врвот каде што се читаше поздравно писмо. Во 13 часот врвот се прогласи за затворени и сите учесници тргнаа назад. Времето беше прекрасно, со многу сонце и по некој облак. По пристигнувањето во Копанки стандардно вкусно гравче и салатичка, па по некоја ракија, пивце, винце, мезе и сето тоа збогатено со многу музика и по некое оро се до доцните часови (и овој пат бевме примерни).
Следниот ден - недела го искористивме рано утрото пред комеморацијата да се прошетаме до Јоргов Камен, каде што направивме подолга пауза за да се изнауживаме на погледот што ни го даде Пелистер. Новите членови на Кораб беа воодушевени од оваа прошетка и најверојатно ги навлековме на планинарење. Околу 10:30 почна пригодната програма во знак на сеќавање на нашата легенда Мурато, по некоја пролеана солза и грутка во грлото, а пред се убави зборови оставени во аманет на помладите генерации да се негува планинарскиот дух.
На заминување благодарност до домаќините за прекрасно организираната акција и нормално до гледање до наредната година, па малку прошетка низ Битолскиот широк сокак и назад Скопје. Се на се еден прекрасен викенд. ФОТО

НАЗАД

ГОЛЕМ “ЗИМСКИ“ КОРАБ 01-02, 05, 2009
World Aids Awareness Expedition 

Ме потсети еден планинар од листата со прашање како поминале Корабци на „зимското“ искачување на Голем Кораб. Па си реков зошто ли се наводниците? Веројатно дека е мај месец, и дека зимата одамна ја нема.
Колку само не е така! На Кораб зимата трае и ќе трае уште долго барем ако се цени по количеството снег на падините на оваа наша преубава планина. Ние и минатата година бевме на Кораб на истиот датум ама тогаш снег имаше дури кога ќе ја поминете границата од 2500мнв, а сега снег имаше уште од 1800мнв.
Причината за оваа „експедиција“ беше повикот од „world aids awareness expedition“ кои правејќи истражување за највисоките врвови во секоја земја не откриле и нас – веројатно заради името на друштвото. Поканата да се придружиме кон ова светско движење за подршка на борбата против оваа опака болест не можевме да ја одбиеме, стапивме во контакт, ни испратија знаме на експедицијата и  ...
Ќе беше убаво и некое друго друштво да ни се придружеше, па да биде по масовна акцијата ама и вака не бевме малку.
На 1Мај со комбето на друштвото отидовме ние деветмина, а до вечер ни се придружија уште четири наши пријатели кои уште утрината појдоа во правец на Големиот водопад на Длабока Река. Не стигнале до таму, многу снег, а и дожд заврна. Утрото, ни се придружија уште чатири „кораби“ и „корабки“, почекавме уште малку, да не дојде уште некој ама, колку сме толку сме, тамам сме. Кон врвот тргнавме петнаестмина. Двајца останаа во нашиот „базен логор“-караулата Штировица.
Претпладне денот беше преубав, мирно време, со сонце и по некое облаче, ни трага од вчерашниот дожд.  И така беше се до пред врвот, кога времето нагло се промени. На планина, и инаку знае времето да се менува стопати на ден, ама ова беше драматична промена. Одеднаш се најдовме во густа магла. Сув снег прскаше онака од лутина што велеа старите. Падна предлог да се враќаме, ако продолжи да врне снег ќе ни ги скрие трагите, а во маглата не сум убеден дека лесно ќе го најдевме патот. Зимска маркација на нашите планини има ретко, а на Кораб - не постои. Веројатно и затоа во зима ние почесто сме во Бугарија на планина отколку кај нас. Се надевам дека МПА еден ден ќе поведе иницијатива за зимско маркирање на планините – државата секако би требало да одобри средства за ваква работа инку можат да заборават на планинарскиот туризам.
13 – (среќна бројка) сепак продолживме, па како биде нека биде, носевме компаси и јажиња за секој случај ама...  На врв се искачивме, се сликавме најбрзо што можевме и веднаш назад, додека се гледаат стапалките. Велат среќата ги служи храбрите, маглата се расчисти, снегот престана, а сонцето не придружуваче до карајот на нашето „зимско“ искачување на Голем Кораб. Тешка тура, снегот си го направи своето, кон врвот одевме 6 часа, назад 4 можеби и 4,5 часа. Ама затоа задоволството од постигнатото е
поголемо, единствено, навистина жалам што не ни се придружија и членови од другите клубови, особено заради  причината за оваа „експедиција“.

Поздрав до сите учесници на ова искачување, а особено до трите одважни планинарки, Бистра, Марија и Радица, кои беа со нас до врвот и во ниеден момент не ни покажаа дека можеби ним им е за малку потешко. ФОТО

Пепи Дамјановски

НАЗАД

2

3

4

5

1

VENI VIDI VICI

kamenica 2009Уште еднаш се покажа дека на планина, покрај добрата кондиција, опремата и искуството, не е лошо да имаш многу среќа. Најавите за времето на weather.com за Велигденските празници беа дожд, дожд и повторно дожд. Пред само неколку недели на сите повисоки планини падна нов снег кој поради високите температури сега интензивно се топи, па очекувавме дека ќе се пропаѓа во снегот барем до колена. Ако на тоа го додадеш искуството од ветерот и маглата од минатогодишното искачување на Каменица, тогаш се заедно почнува да личи на хорор филм. Е, ама, не бидна баш така :-). Дожд немаше,  на поголемиот дел од патеката поминале моторни санки и го натапкале снегот, ветерот отишол да дува на некое друго место, а сонцето реши да не придружува целиот пат. Од минатогодишната магла немаше ни трага. Минатата година се фалевме дека сме ја искачиле Каменица за 5 часа, ама годинава бидна за нешто малку повеќе од 4 часа. Попат сретнавме и два волка, кој не се осетија загрозени од нашето присуство па мирно не набљудуваа од стотина метри оддалеченост. Ако минатата година од маглата не се гледаше ништо од врвот, овојпат прекраснот пејзаж беше награда за искачувањето. На варќање, планината сакаше да не потсети дека не сме на прошетка во градскиот парк, па ни се случија неколку пролизгувања, но, за среќа, без посериозни последици. Во планинарскиот дом Беговица бевме тамам за ручек, а вечерта пред црква во Сандански. Утредента на базените и кафеаните низ Сандански, а во понеделникот Рожденски манастир, Мелник, Рупите кај светилиштето на Ванѓа и дома. Преубавиот Рилски манастир го посетивме уште на одење кон Сандански.

Инаку за да не ме караат дека не сум пишал никаква статистика: на турата дојдоа четиресетина што планинари, што туристи. До планинарскиот дом Беговица дојдоа 22, а кон врвот Каменица се упативме 16 од кои 15 успешно го искачија врвот. ФОТО


РОДЕНДЕНСКА ПРОСЛАВА - 12 ГОДИНИ КОРАБ
- 22.03. 2009

линк до ФОТО

ВИТОША 15. 03. 20009

trem1Minatiot vikend bevme na Vitosha - ko sto e red trgnavme vo sabota sabajle od Skopje - malku soping vo Sofija (vetiv nekomu adresi na prodavnicite so planinarska i alpinisticka oprema pa ete gi na linkot podolu) i vecerta vo pl. dom Planinarska Pesen - domot ne e losh, cenata e 10 leva od vecer so e kulturno, ama greenjeto po sobite e so kaloriferi pa bi mu preporacal na sekoj sto saka da odi da si zeme vrekja za spienje (barem tie sto sakat da spijat na toplo). Hrana i pijaloci ima po normalni (planinarski :-)) ceni taka da ne e neophodno da nosite so vas.
Utredenta trgnavme okolu 7 do vrvot treba 2 1/2 - 3 casa po sneg (verojatno letno vreme moze da se pretrca za 1 - 1 1/2) ama na vakov den glupo bese da se brza - sonce - slab veter - preubavo - sliki na sledniot link:

линк до ФОТО

Prodavnici so oprema:
http://www.climbing guidebg.com/ index.php? module=pnAddress Book&func= vShops&catview= 1

ВЕСТИ 07, МАРТ 2009

остри МИЛЕНКОВ Искачување на Миленков Камен. Конечно да ни се погоди добро време. Постоеше двоумење дали воопшто да направиме напор да стануваме рано, бидејќи вечерта врнеше и како и претходните неколку пати очекувавме да се движиме до посакуваната дестинација во лоши временски услови. Меѓутоа утрото не изненади сите, сонцето сеепак се појави на хоризонтот. Тргнавме околу 7,20 часот ние 5 души (Пепи,Горан, Аксел (гостин од Германија) Игор и мојата маленкост Симо). Од Патишка Река тргнавме околу 8.30 часот и со лесно темпо со кратки паузи на врв бевме околу 12 часот. Снег - одличен за движење не се пропаѓаше,на одделни места беше замрзнато и прилично се лизгаше. Пред, а и на врвот како по обичај облаци колку да ни го расипе ужитокот, и по 20 тина минути очекување да се расчисти тргнавме назад ускратени за тоа задоволство. И како што бива, 10-тина минути после тоа врвот беше без облаци. Сепак времето не послужи и пред нас имаше прекрасни панорами во кои уживавме некое време.
На враќање нормално како жртва на боговите на планината им принесовме по некое пивце како што е ред.
ФОТО

ВЕСТИ 26, фЕВРУАРИ 2009

ПСД КОРАБ деновиве се приклучи кон World Aids Awareness Expedition чија основна цел е што поголем број на луѓе ширум целиот свет да станат свесни за опасноста од вирусот на СИДА. За таа цел од 2001 година се организираат експедиции низ целиот свет. Оваа година експедиции се организираат во 200 земји ширум целиот свет, а во кои е вклучена и Македонија преку нашиот клуб. Целта е освојуванје на највисоките врвови на секоја земја учесничка и истакнување на знамето на акцијата WAAE. Акцијата - искачувањето на Кораб е планирана за Мај месец.


ВЕСТИ 24,Февруари 2009

trem trem1Нa 21.02.09 се одржа традиционалното зимско искачување на Трем 1810 м. (Сува планина). Поаѓањето беше од Горна Студена на некојси 15-тина км од Нишка бања. Учесници неофицијално околу 400 од кои само 60-тина се искачија на врвот. Времето беше облачно меѓутоа пријатно за искачување. Температурата околу - 4 степени, снег околу 80-100-тина см. За жал поради недоволно информации од теренот поголeм број од учесниците од ПСД Кораб се откажаа негде на средина од патеката до врвот. Само 4-ри члена се искачија на Трем и беа наградени со прекрасно сончево време на самиот врв. На крајот домаќините организираа гравче и забава за сите учесници.

ФОТО

ВЕСТИ 12,Февруари 2009

Малиот Давид Леон, најмладиот член на ПСД КОРАБ заедно со АНЕ и ЛУЈ го освои највисокиот врв на Австралија - Kosciuszko (2228 m) и со тоа го започнаа големиот проект за освојување на СЕДУМТЕ КОНТИНЕНТАЛНИ ВРВОВИ.Можеби нее првиот Македонец што се искачил на Kosciuszko, но секако е првото дете и првиот член на планинарско друштво што го развиори знамето на Македонија во овие топли денови над Австралија. Ова е голем, и не само личен успех на Давид Леон туку и на севкупните напори на планинарите кои со лични средства ги афирмираат своите матични клубови во случајов ПСД Кораб а воедно и промовирање на Македонија како земја која има млади и перспективни планинари спремни за врвни резултати. Секоја чест и само напред.

Со цел да се поттикне планинарењето од сега па натаму ќе ве запознаваме со членовите на ПСД Кораб од кои може и треба да се очекуваат врвни резултати во наредните години, како и членови кои со својот досегашен ангажман и резултати придонесоа за популаризирање на планинарењето.

Давид Леон се искачи на Кораб како дел од меѓународната акција за освојување на Голем Кораб, кој со своите 2.754 м доминира над Македонија...

ИЗВЕШТАИ ЗА АКТИВНОСТИ 2008

ДЕКЕМВРИ
ОКТОМВРИ

СЕПТЕМВРИ
АВГУСТ 2008

ЈУЛИ 2008
ЈУНИ 2008
МАЈ 2008
АПРИЛ 2008
МАРТ
ФЕВРУАРИ
ЈАНУАРИ

Секој кој што е заинтересиран за објавување на кратки содржини и извештаи за акции на кои учествувал во организација на ПСД КОРАБ истите може да ги достави на следниве адреси:
Симон Симоновски
Пепи Дамјановски
Виктор Антовски

На 14.09. е формирана меилинг група MKD-MOUNT со цел подобрување на информирањето на планинарите во Македонија, како и во областа на др. планинарски спортови. Кликнете овде ако сакате да се зачлените.
Донесена е годишната програма на друштвото за активности во 2009-та година, можете да ја погледате овде.

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер