АКЦИЈА НА ЈАБЛАНИЦА |
        Во очекување на формирање на ново планинарско друштво во Струва, во периодот 15.07 – 16.07.2006 год. беше изведена акција на планината Јабланица. ВО саботата беше пристигнувањето и сместувањето во интернатот „Браќа Миладиновци – Струга. Во неделата групата отиде во Охрид од каде официјално почна искачувањето на Јабланица. На почетоткот се користи широка патека по која може да се движат теренски возила. Покрај патеката има река. По преминувањето на реката, патеката се стеснува и почнува искачувањето по ливади и карпести делови. Пауза има покрај изворот од карпа, па се продолжува по стариот патролен пат. Се продолжува по стариот патролен пат се до сртот кој боди до врвот Црн Камен (2297 мнв). Спустот од врвот до езерото Локва е доста стрмен и бара голема концентрација. Езерото е најголемо од трите глечерски езера на Јабланица, со најголема страна од 100-на метри и длабочина од 7 метри. Спуштањето траеше се до селото Горна Белица.         Неколку фотографии од акцијата: |
|
 |
 |
 |
 |
Изгрев - Струга / Фото Стојан Јованов |
Изгрев - Струга / Фото Стојан Јованов |
Тргнување / Фото Стојан Јованов |
Ливади / Фото Стојан Јованов |
 |
 |
 |
 |
Ливади / Фото Стојан Јованов |
Одмор / Фото Стојан Јованов |
Прекрасен поглед / Фото Стојан Јованов |
Глечерско езеро / Фото Стојан Јованов |
 |
 |
 |
 |
На врвот / Фото Стојан Јованов |
Покрај езеро / Фото Стојан Јованов |
Пред село / Фото Стојан Јованов |
Поздрав за крај / Фото Стојан Јованов |