Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.


КИЛИМАНЏАРО 2005


        На 19.01. на полноќ тргна македонскиот дел од експедицијата „Килиманџаро 2005“ во состав Стојановски Марин, Христов Душко и јас Последната фотографија на испраќањето од БелградЈакимовски Андреја, тргнавме со автобус кон Белград од каде заедно со другите 10 членови под водство на Никола Хелета од ПД „Железничар“ од Белград, на 20.01. во 14:30ч полетавме од Белградскиот аеродром до Цирих. Од таму следниот ден во 9ч полетуваме кон главниот град на Кенија - Најроби, каде стигнуваме во 20ч по локално време и веднаш продолжуваме со минибус кон Танзанија и градот Аруша кадешто пристигнуваме во 02ч по полноќ и тука ја поминуваме ноќта. На 21.01. се одвиваат последните припреми и договори пред тргнувањето кон националниот парк „Килиманџаро“.
        Искачувањето почнува на 23.01. Во националниот парк „Килиманџаро“ влегуваме преку Марангу капијата на 1950 мнв во 12ч на пладне. Почеток на искачувањетоЕден час е потребен за завршување на сите потребни формалности околу вадењето на дозволи за искачувањето, како и запознавање со луѓето од Танзанија кои ќе ја придружуваат експедицијата на својот пат до врвот, кои се вкупно 26 на број и тоа: водичи, носачи и готвачи. Експедицијата стартува точно во 13ч и тој ден се оди низ прашума со буен растителен и животински свет и за околу 4ч стигнуваме до првиот логор Мандара на 2720 мнв. По пат се сретнуваат голем број планинари од стотиците кои во тој период се обидуваат да се искачат на највисокиот врв на Африка. Тука престојуваме ноќта во бунгалови. Следниот ден на 24.01. одиме до логорот Хоромбо на 3780 мнв. Тргнавме утрото во 8:30ч, патот набргу ја напушта прашумата на околу 2900 мнв и одиме по предел покриен со висока трева, ниски грмушки и многубројни цвеќиња. Нешто по 10ч стигнавме на висина од 3000 мнв, и многумина од експедицијата ја надминуваат најголемата височина на којашто се искачиле. За жал се помал е снегот односно ледниците на Килиманџаро На 3400 мнв се прави пауза за ручек, пејсажот повторно се менува и тука преовладува ниската трева , прошарана со многубројни примероци од ендемскиот вид на дрвја (Senecio Kilimanjaris). Околу 15:30ч односно за околу 7ч пристигнуваме кој се наоѓа под врвот Мавензи 5149 мнв. Времето целиот тој ден беше променливо облачно, сончево и многу пријатно, имаше и повремени врнежи од дожд, но сето тоа драстично се менува доцна попладнето и во текот на ноќта имаше големо невреме проследено со дожд и силен ветер. Температурата во логорот Хоромбо е помеѓу 5-10 степени.
        Наредниот ден 25.01. е посветен на аклиматизација која е неопходна во искачувањето заради прилагодување на организмот на сосема различните климатски услови на поголеми висини. Во 9:30ч тргнуваме на аклиматизациско искачување до 4200 мнв. Околу 11ч ја достигнуваме височината од 4000 мнв и се наоѓаме непосредно под масивот Мавензи кој поради невремето на висина над 4700 мнв е покриен со снег. Во наредните половина час стигнуваме до карпата која заради бојата е позната како „Зебра карпа“. По паузата од 40 минути продолжуваме Малку забава по патдо висина нешто поголема од 4200 мнв и потоа пред 13ч се враќаме во логорот. Попладнето и ноќта ги искористуваме за одмор. Вечерта во логорот Хоромбо имаше повторно невреме проследено со дожд, но не толку јако како претходната вечер.
        На 26.01. продолжуваме кон третиот висински логор Кибо на 4750 мнв. За разлика од претходните денови сега времето е многу постудено со температури под нулата во текот на ноќта. Тргнавме околу 9ч. Некаде од 3900 мнв постојано се насладуваме со прекрасниот поглед кон највисоките делови на Килиманџаро кои тоа утро беа облеани со сонце. Правиме мала пауза на еден преслап на 4150 мнв каде се наоѓа последниот извор на вода и до каде што всушност има каква таква вегетација. Од таа точка па натаму патеката продолжува низ вистински пустински пејсаж, времето повторно се расипува и почнува да врне дожд кој со мали прекини не следи до местото предвидено за ручек на 4400 мнв. Во 14ч продолжуваме понатаму и за кратко време излегуваме на пространа висорамнина на 4500 мнв која ги одвојува или поврзува масивот Мавензи од една страна и масивот Кибо од другата страна на кој се наоѓа Ухуру со 5895 мнв. Тука исто така се Пред пл. дом „Кибо“прави пауза од 30 мин. Температурата е околу 3-4 степени. Околу 16ч пристигнуваме во логорот Кибо на 4750 мнв, времето е облачно со температура околу 0 степени. Во 18ч по лесната вечера малку се одмораме до 23ч и потоа ги вршиме последните подготовки за финалното искачување кон врвот, односно последната етапа, совладувањето на последните и најтешки 1145 метри. Поради последици од висинска болест еден член на експедицијата се откажува од понатамошното искачување и останува во логорот.
        Останатите членови во 20 мин. по полноќ на 27.01. го продолжуваат искачувањето. Одиме во мрак со вклучени лампи, кои поради полната месечина која блескаше од небото по некое време станаа непотребни. Времето е студено со температура до -10 степени. Поради големата надморска височина се напредува полека нагоре и околу 3ч по полноќ стигнуваме до висина од 5000 мнв, правиме чести паузи кои се доста кратки и заради многу студеното време. Околу 6ч почнува да се разденува и сме воодушевени од прекрасното изгрејсонце Малку одмор кај Гилмановата точкана 5400 мнв, а температурата е -15 степени.
        Со изгревање на сонцето се подобруваат условите за искачување и темпото на движење се забрзува и во 7:30ч го освојуваме првиот врв Гилманова точка со 5681 мнв. Поради голем замор и исцрпеност тука се откажува уште еден член на експедицијата, не можеше да ти издржи последните 200-те метри. По кратка пауза од 5 мин. продолжуваме по ивицата на вулканот, порвемено одиме по снег и лед, а од двете страни на патеката се извишуваат вечните ледници на Килиманџаро. Прв на врвот се искачува Марин, а потоа во 8:40ч се искачуваме и Дуле, Павле од Нови Сад и јас, подоцна следуваат останатите 7 членови на експедицијата под водство на Никола.
        На врвот сеопшти честитки и фотографирања па и понекоја солза радосница, остануваме на врвот цели час и половина иако не е предвидено да се останува повеќе од половина час заради климатските услови. Времето се до околу 9:30ч е прекрасно сончево и без ветер, просто неверојатно за таа висина, но сето тоа нагло се променува и околу 10ч почнуваат да се собираат облаци, врвот го покриваНикола и Милица на врвот на Килиманџаро магла и температурата се спушти на неколку степени под нулата. Нешто по 10ч тргнуваме надоле и за околу 1ч стигнуваме до Гилмановата точка и по мала пауза продолжуваме со спуштањето кон логорот Кибо. Времето се повеќе се влошува, дува силен ветер а на 5400 мнв не зафаќа вистинска снежна вејавица која не следи се до логорот на 4750 мнв. Првите членови на експедицијата во логорот доаѓаат во 13ч, а последните поради невремето околу 15:30ч. Во логорот се прави поголема пауза за одмор. Попладнето се симнува за околу 3ч до логорот Хоромбо каде ја Андреј, Дуле и Марин на 5895 мнвпоминуваме последната ноч на Килиманџаро. Следниот ден тргнуваме во 9ч кон логорот Мандара, стигнуваме во 11:30ч и поради прекрсаното време на оваа височина правиме пауза од 1ч и 30мин. Пред да се спуштиме до Марангу капијата скршнуваме до едни големи водопади кои за жал заради сушната сезона имаат многу малку вода. На Марангу пристигнуваме во 15ч и тука членови на експедицијата кои успешно ги искачивме врвот, добиваме сертификати. Следува враќање на почетната точка, живописниот град Аруша. По заслужениот одмор на 4-дневното сафари во парковите Серенгети, Нгоро Нгоро и Мањара после успешно завршената експедиција на 05.02.2005 год. се враќаме во Белград односно Скопје.

РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер