На 01.09.2006 јас (Иван Јовановски - Карас), Дебарлиев Љупчо и Милев Влатко заедно со три тешки ранци (имиња немаат) тоа петочно попладне тргнавме кон Преслап со автомобил. Стигнавме во 18ч и по кратка пауза се упативме кон пл. дом Караџица. Времето беше одлично за пешачење, челните ламби ги вклучивме откога го поминавме мостот на Кадина река. Инаку мостот е во лоша состојба и изгледа нестабилен. Во домот стигнавме во 20:30ч. Не пречека домарот кој ни понуди чај, во домот имаше една група ловџии кои беа видно расположени. Но нашиот план не беше да преспиеме во домот туку да продоложиме за да добиеме во време и по кратка пауза за обновување на енергетските резерви, продолживме кон полициската куќа веднаш покрај патот за Солунска глава. Стигнавме во 00:30ч, веднаш ги поставивме шаторите, малку јадевме и легнавме.         Утрото почнавме да се искачуваме кон Бегово поле и од таму кон Солунска по зимската маркација но не појдовме кон врвот туку тргнавме по една врвица која се протега по левата страна на падината, и го заобиколивме целиот врв излегувајќи кај карпите под врвот. По мала пауза се упативме кон Плавник, цел ден бевме на нозе правејќи паузи не подолги од 10 минути. Приквечерината некаде околу 19:00ч стигнавме на Мочур. Ги поставивме шаторите и нормално се во свој ред.         Утрото повторно истата шема и ранците на грб, и искачување пред нас кое го совладавме потешко, се издигнавме на сртот и продолживме кон по него. Тој не однесе се до крајот на Даутица откаде се гледа и Пелагонија. Гледајќи го времето што останува решивме наместо во Крапа или Дебреште да продолжиме јужно по сртот и да се спуштиме во Зрзе. Откако го имавме манастирот во Зрзе во поглед решивме да го посетиме. Симнувањето до манастирот беше авантура сама по себе затоа што теренот е доста стрмен и обраснат без никаков пат. По едночасовна борба стигнавме до манастирот. Не пречека монах кој не послужи со чај. Еден од гостите ни излезе во пресрет да не префли во Прилеп со своето комбе. Инаку да нагласам дека манастирот Зрзе е еден од најубавите кои сум ги посетил во Македонија, особено е примамлица неговата местоположба која во античко македонско владение била стражарен пункт од стратешка важност од едноставна причина, погледот ја впива цела Пелагонија а достапноста од задната страна е многу тешка и исцрпувачка.         Во Прилеп го пропуштивме возот за 10 минути но во автобуската станица ни дадоа надеж дека доаѓа автобус од Битола за кон не можат да ни гарантираат места, но како и да е патот под нозе и во ресторан Македонска куќа. Па кај се видело да се чека автобус од Битола за Скопје на празен стомак, а од друга страна кутриот едвај стигна до Скопје.
        Неколку фотографии од акцијата:
|