Иако безбедностана ситуација беше се уште неповолна за да не се прекине традицијата 6 планинари од ПСД Кораб - Скопје решија да пробаат да се искачат на Голем Кораб по повод празникот 8-ми Септември. Приликата за собирање ботанички материјал ја искористи Зоран од Природонаучниот музеј од Скопје кој им се придружи. Тргнувањето од Скопје беше од 5ч изутрина на 08.09.2002 со старото комбе на друштвото.
       По пат немаше никакви проблеми, кога стигнаа во караулата „Победа“ покрај војниците ги дочекаа и британскиот амбасадор во Македонија придружуван од мајор од Генералштабот на АРМ. Со појака од вообичаената придружба, стартуваше искачувањето во 9ч.
       При искачувањето немаше посебни проблеми, времето беше стабилно но од сигурносни причини војниците од граничната придружба не дозволија да се оди до врвот туку само до Кобилино поле.
       Голема благодарност до МВР и АРМ што овозможија традицијата да не се прекине. Се надеваме на подобри услови идните години.
       Уште неколку фотографии од искачувањето: |