Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.


12-ТО ИСКАЧУВАЊЕ „ГОЛЕМ КОРАБ 2003“


       ПСД Кораб - Скопје оваа година го организираше 12-тото меѓународно искачување на највисокиот врв во Македонија Голем Кораб (2754 мнв) во име на Планинарската асоцијација на Македонија. Со искачувањето беше прославен Денот на државноста на Република Македонија 8-ми Септември, истото се одржа на 7-ми септември. Пред почеток на искачувањето и фотографија од гребенотОваа година искачувањето за првпат се одржува во недела, а не на самиот празник за да им овозможиме на планинарите од соседните земји да учествуваат во искачувањето.
       На сите заинтересирани од Скопје им беше овозможено да се пријават во Домот на АРМ 01.09. до 06.09. после 19ч, покрај поканите за планинарските друштва (од Македонија и од странство) до средствата за јавно информирање беше доставена и јавна покана до сите граѓани на Македонија за достојно прославување на празникот.
       Во саботата на 06.09. членовите на друштвото организираа пречек на гостите од странство од каде што интересот за искачување на Голем Кораб е се поголем (пр. искачувањето од страна на Норвешката експедиција „36 врвови“ во јули), сместувањето беше организирано На патот према бачилотово планинарскиот дом „Матка“.
       Изутрината на 07.09. во 05ч тргна организираната колона во која покрај 6-те автобуси кои ги ангажираше нашето друштво имаше и повеќе други превозни средства, вкупниот број на учесници беше 640 и имаше претставници од 16 други држави што сосема го оправда поместувањето на денот на искачувањето.
       Стартот на искачувањето од караулата беше во 9ч по многу убаво време кое ги следеше планинарите се до врвот, за разлика од пр. искачувањето во 1996 год. кога имаше магла, врнежи од снег со температура испод нула. За разлика од претходните искачувања искачувањето беше по патеката преку гребенот, аНа врвот не преку Кобилино поле. Тоа беше направено заради инсистирање на припадниците на АРМ од безбедносни причини. Иако патеката е доста понапорна од онаа преку Кобилино поле сепак околу 400 планинари се искачија на врвот. За време на искачувањето немаше проблеми и планинарите уживаа во оваа ретка прилика за искачување на највисокиот врв во Македонија.
       Голема благодарност до сите учесници на искачувањето за нивното коректно однесување и почитување на правилата за движење во пограничната зона, благодарност и до МВР и АРМ за помошта во организацијата на искачувањето.
       Галерија на фотографии од искачувањето снимани од Соколовски Слободан.

РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер