Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.


14-ТО ИСКАЧУВАЊЕ „ГОЛЕМ КОРАБ 2005“


       По повод 8-ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, ПСД „Кораб“ од Скопје го организираше 14-тото меѓународно искачување на Голем Кораб (2754 мнв) на планината Кораб. Искачувањето се одржа на 04.09.2005 год.
       Подготовките започнаа од февруари со изработка на презентацијата за искачувањето која Поглед на дел од учесниците пред стартот кај караулата / Фото Миланка Арсич покрај на домашните учесници, им беше испратена на групите што учествуваа на искачувањето минатата година. Потоа продолжи со засилена промоција посебно во странство и благодарејќи на тоа на искачувањето учествуваа околу 250 претставници на вкупно 17 држави, и тоа СиЦГ, Хрватска, Словачка (по прв пат), Бугарија, БиХ (по прв пат), САД, Германија, Унгарија (по прв пат), Чешка, Русија, Полска, Украина, Велика Британија, Холандија, Франција, Грција (по прв пат) и Словенија (по прв пат). Имаше истакнати гости како на пр. др. Наги Шандор претседателот на Унгарската асоцијација за планинарење и искачување, Александар Кленов светски познатиот алпинист, Златко Смерке авторот на учебникот за планинари и алпинизам со кој многумина ги стекнувале првите знаења од областа на пл. спортови, и др. Планинарите од странство кои дојдоа за искачувањето на Голем Кораб беа сместени во пл. домови „Матка“ и „Смрека“.
По добивањето на колективната дозвола од Министерството за внатрешни работи беа испратени покани до пл. друштва во Македонија и јавна покана преку медиумите до сите граѓани на Македонија.
       Вкупниот број на учесници повторно достигна четвороцифрена бројка како и минатата година - 1000. Учествуваа претставници на 70 пл. друштва од земјата и од странство.
       Стандардно поаѓањето на колоната од 9-те автобуси од организираниот превоз беше во 05ч откај Транспортниот центар. Пристигнувањето кај караулата „Победа“ на учесниците беше во 8:30-9ч. За жал само 2 дена пред тоа војската ја напуштила караулата бидејќи чувањето на границата ја презеде граничната полиција, и учесниците останаа без топол чај, во караулата го немаше ни печатот така да големиот број планинари останаа без печат во своите пл. книшки.
       За прв пат колоната и поширокиот реон на искачувањето го обезбедуваа припадниците на На врвот Граничната полиција од станицата Стрезимир. Долгата колона тргна по 9ч од караулата следена покрај од граничната полиција и од членовите на ПСД „Кораб“. По убаво малку облачно време колоната тргна кон врвот, за разлика од минатата година немаше никакви безбедносни проблеми. Како и секогаш имаше одредени здравствени проблеми кај учесниците, за среќа истите беа соодветно санирани покрај од нашите водичи и од санитетската екипа на Единицата за брзи интервенции при МВР која беше стационирана кај бачилото Беланџа, и сите учесници како што беше предвидено после 19ч заминаа со автобусите назад. На самиот врв по облачно и магливо време се искачија околу 70% од учесниците.
       Голема благодарност до големото мнозинство учесници за коректното однесување, и апел до оние кои не ја почитуваа планината со берење цвеќиња и фрлање отпадоци да не го прават тоа повеќе. Групата водичи кои беа последни беа принудени покрај обврската да внимаваат да не заостане некој учесник, и да собираат отпадоци по патеката.
       Голема благодарност до сите медиуми кои го објавија јавниот повик за учество во искачувањето.
       Голема благодарност до МВР и нејзините припадници од станицата во „Маврови анови“. Голема благодарност до Граничната полиција која многу совесно си ја изврши својата задача, и доби пофалби од странските учесници и за многу коректното и пријателско однесување.

       Галерија фотографии од искачувањето.
       Напис на Димков Тони во „Утрински весник“.
       Извештај на Миланка Арсич од ПД „Победа“ - Белград.

РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер