|
        Подготвките за Голем Кораб 2006 всушност почнаа по завршувањето на Голем Кораб 2005, беше собран видео и фотот материјал од многу учесници и со голема помош на ТВ Скај нет беше изработена видео-презентација за Голем Кораб 2006, истата беше прикажана многу пати на ТВ Скај нет и неколку други локални ТВ станици во Македонија. Беа испратени многу копии на пл. друштва од странство. Покрај тоа беа објавени повеќе репортажи од искачувањето во 2005-та година, и тоа во Хрватска, Чешка, Словачка, Словенија ... Исто така беа објавувани и и испраќани информации на голем број форуми и имеил адреси на пл. друштва насекаде на интернет. Сето тоа, како и се разбира стандардно добрата организација на Голем Кораб 2005, придонесоа за рекорден број околу 1200 учесници на искачувањето, исто рекорд на учесници од странство околу 350 од 17 држави (Хрватска, Србија, Чешка, Бугарија, БиХ, Словенија, Унгарија, Полска, Белгија, Холандија, Франција, Швајцарија, Русија, Литванија, Австрија, САД, Турција). Свои претставници имаа околу 90 пл. друштва од земјата и од странство.         Најавите за учество почнаа веќе од почетокот на годината, посебно од Хрватска од каде што беа повеќе од половината странски планинари. Најинтензивни контакти и договори со учесниците, беа во периодот мај-август, кулминирајќи во август со организирањето на сместувањето и целокупната организација на искачувањето. Сместувањето беше организирано во хотелите Славија и Попова Шапка на ЕСМ на Попова Шапка, пл. дом Матка до Скопје и пл. дом Тајмиште до Гостивар. Дел од учесниците се сместија и во пл. дом Смрека на Попова Шапка. Беше договорено со Црвен крст на град Скопје членовите на нивната Спасителна служба (инаку членови на ПСД Кораб) организирано да го покриваат искачувањето. Неколку дена пред самото искачување беше извршено и целосно маркирање на летната патека. Од друштвото беа организирани дополнителни 20-тина водичи за поголемите групи и покрај патеката. Припадници на Граничната полиција стандардно беше предвидено да ја обезбедуваат патеката. Беа објавени голем број информации во многу електронски и пишани медиуми, за што им се заблагодаруваме!         Сето тоа придонесе Голем Кораб 2006 да биде најдобро организирано искачување од досегашните, што го потврдија искажувањата на учесниците и најавите за доаѓање и идната година.         Самото искачување се одржа по променливо облачно време со за жал многу малку сончеви периоди. На врвот се искачија околу 70% од учесниците. Спасителната служба имаше само помал број интервенции и една поголема за симнување на еден планинар кој имаше проблеми со премореност со возило до караулата.         Благодарност до сите што на било кој начин придонесоа за успешната организација на искачувањето. Се гледаме идната година!
        Еве неколку фотографии:
        Линкови со други извештаи и фотографии:
  *   Тихомир Стојчевски (прво кликни на Слики 2006).
  *   А. Госпич
|