По 17-ти пат, во организација на ПСД „Кораб“ – Скопје, по повод „Денот на државноста“ 8-ми Септември на РМ, ќе се одржи традиционалното искачување на Голем Кораб (2754 мнв) на планината Кораб, највисокиот врв во Македонија.
Искачувањето ќе се организира по следната
П Р О Г Р А М А
06.09.2008 (Сабота)
• За овој ден е предвиден дочек и сместување на учесниците на искачувањето кои доаѓаат од странство.
07.09.2008 (Недела)
• 05:00ч – Од Скопје тргнува организираната колона на учесници со превоз обезбеден од организаторот, или со свој превоз.
• 07:30ч – Кај Маврови Анови се прави кратка пауза за собирање на колоната учесници од Скопје, другите градови и странските гости кои ќе доаѓаат преку Маврово. Останатите учесници доаѓаат директно на стартното место. Понатаму автобусите и другите возила доаѓаат само до месноста Штировец (1281 мнв) и таму паркираат. Од таму до стартното место кај караулата „Победа“ (1454 мнв) потребни се 30-40 минути пешачење.
• 08:45ч – Кај караулата „Победа“ предвидена е кратка церемонија на отворање на искачувањето со поздравен говор.
• 09:00ч – Почеток на искачувањето, на чело на колоната и покрај патеката на пунктови ќе бидат распоредени водачите на искачувањето обезбедени од организаторот, како и припадници на Граничната полиција.
• 15:00ч – Се затвора врвот за искачување и сите учесници на патеката задолжително почнуваат да се враќаат назад кон стартната точка. Последната група од водачите во 14:00ч од врвот ќе тргне кон стартната точка, позади нив не останува никој на планината.
• 17:30ч – Затворање на акцијата и поделба на признанија на планинарските друштва и клубови, како и на најстариот и најмладиот учесник.
• 19:00ч – Тргнување на последните учесници од караулата односно месноста Штировец.
08.09.2008 (Понеделник)
• Евентуални дополнителни искачувања, прошетки и сл. на учесниците од странство и нивно испраќање.
НАПОМЕНИ:
Пријавувањето на организираните групи мора да се направи до 06,09, 2008 до 21 часот. Пријавата треба да содржи: Име и презиме, број на лична карта и во кој град е издадена, и на кое пл. друштво припаѓа. Пријавување и дополнителни информации на е-маил contact@korab.org.mk, Ве молиме барајте потврда за прием на Вашата пријава. Информации можат да се добијат и на 076-427-062 кај Ванчо Георгиевски (секретар на ПСД „Кораб“) – Претседател на Организациониот одбор за „Голем Кораб 2007“, и кај Бојан Киров на 070 398368. Извештаи и фотографии од минатите години, како и дополнителни информации покрај во медиумите ќе бидат објавувани и на сајтот на друштвото www.korab.org.mk.
Заради големата масовност и одржувањето на акцијата во граничниот појас, од исклучителна важност е коректното однесување на учесниците на искачувањето, како и на организираните групи од планинарските друштва и клубови. Секој водач на група е задолжен организирано да ја води својата група, соодветно и на инструкциите од водачите на искачувањето и припадниците на Граничната полиција, за цело време на искачувањето.
Секој учесник е должен сам да ја процени својата здравствена и кондициона состојба за учество во искачувањето и учествува на истото на своја одговорност. Во тој поглед организаторот не сноси никаква одговорност. Покрај патеката на пунктовите, ќе биде обезбедена и соодветна прва помош.
Потребна опрема за искачувањето е стандардна планинарска опрема за еднодневно високогорско искачување во летни услови, на врвови над 2500 мнв.
За да се зачува планината, Ве молиме да не се фрлаат отпадоци на планината туку да се вратат назад во ранец. Водачите на искачувањето при симнувањето после 14ч, ќе се погрижат да ги соберат и евентуалните преостанати отпадоци по патеката и околу неа.
Со почит,
Претседател на Организациониот одбор за „Голем Кораб 2008“
Георгиевски Ванчо