На 26.01.2008 година (сабота) ПСД „Кораб“ - Скопје организира искачување на врвот Љуботен кој се наоѓа на 2520 мнв.         Тргнавме во сабота во 12ч, вкупно 28 планинари. Пристигнавме во Старо село околу 13ч, а во планинарскиот дом „Љуботен“ околу 15:30ч. Вечерта во 20ч група од 5 планинари тргнаа на ноќно искачување на Љуботен. На неполн час пред врвот групата се врати поради голомразица и многу силен ветер, еден член на групата немаче дерези.         Во неделата тргна група од 18 планинари и врвот го искачивме за 3 часа. При тоа не следеше многу силен ветер, а времето беше ведро со прекрасен поглед. Вечерта се вративме во Скопје.
        Неколку фотографии од искачувањето: ЛИНК LJUBOTEN
|