„MKD-MOUNT“ маилинг листата почна да функционира на 14.09.2005 год. Наменета е за информирање на членовите за различни настани од областа на планинарењето и планинарските спортови (пр. најава на акции и извештаи од истите, информации за план. патеки, услови за искачувања, пл.домови, за емисии на такви теми и сл.).
* Листата е од затворен тип, зачленувањето го потврдува модераторот на групата, ова е повеќе од формален карактер и е направено за да нема во иднина проблеми со спамирање односно пораки од анонимни надворешни лица.
* Пораки на адреса на маилинг листата може да испраќаат само членови на истата.
* Пораките пратени на адреса на маилинг листата ги добиваат сите членови на истата. Пораките пратени на групата во „subject“ содржат „[mkd-mount]“, доколку направите „replay“ таа порака ја добиваат сите членови на маилинг листата.
* Пораките што ги примаат членовите на маилинг листата содржат само обичен текст напишан на латиница (нема кодна поддршка за македонски јазик), се друго од нив се отстранува автоматски, не може да се праќаат атачменти.
* Не е дозволена навредлива и заканувачка содржина во пораките за било кого - без обзир дали е член на листата или не.
* Може да се огласува продажба на лична опрема од областа на планинарските спортови, не се дозволени пораки за комерцијална продажба на опрема или друго.
* Зачленувањето се прави со „yahoo“ адреса, но пораките може да стигаат и на друга е-маил адреса доколку истата се додаде при зачленувањето.
* Процедурата за зачленување е едноставна, прво кликнувате ОВДЕ, потоа се логирате со „yahoo“ адреса, штом ќе влезете на страницата за зачленување запишувате неколку збора за вас (име, презиме, од кое пл. друштво сте и сл.), потоа го препишувате кодот за верификација и кликнувате „JOIN“. По потврдата од модераторот станувате член на групата. Пожелно е во својот профил по зачленувањето да впишете некои основни податоци за Вас.
* Доколку сакате да ги добивате пораките на друга е-маил адреса тогаш после логирањето со „yahoo“ адресата кликнувате на „add new email adress“ и впишувате било каква друга е-маил адреса. Автоматски на таа адреса ќе биде испратена порака со линк, кликнувате на тој линк и ќе бидете вратени пак на страницата после логирањето, тука проверувате дали е кликнато пораките да одат на додадената адреса, потоа запишувате неколку збора за вас (име, презиме, од кое пл. друштво сте и сл.), го препишувате кодот за верификација и кликнувате „JOIN“.
      Се надеваме дека ќе ни се придружите во развивање на основната намена на оваа листа! |