На 30.12.2005 год. 44-члена група во организација на ПСД „Кораб“ замина на 4-дневна акција во Бугарија за Новогодишните празници. Вечерта се спиеше во манастрот во Самоков, а следниот ден 11-мина тргнаа кон Мусала, а останатите ја дочекаа Новата Година во кафич на Боровец. Према планот 5-мина се искачија на врвот 20 минути пред да дојде Новата Година. Имаше фантастичен поглед од врвот кон неброените одблесоци од огнометите секаде каде што можеше да се види наоколу.         На 2-ри имаше излет до Маљовица, 5-мина пробаа да се искачат на врвот Маљовица но заради доцниот старт и вејавицата со многу јак ветер стигнаа само до гребенот над Еленските езера. Враќањето во Скопје беше на 03.01.2006 год.         Еве неколку фотографии од акцијата:
|