Пејсаж од Кораб
Маилинг листа за размена на информации од планинарските спортови
Официјален сајт на ПСД Железничар - Белград
Он-лајн магазин за планианарски спортови

.


Мусала 2007/2008


        Во саботата, 29.12.2007, во седум часот наутро, група од некаде четириесетина луѓе, од поштата под новата железничка, тргнавме кон Бугарија. Кога пристигнавме во Самоков се сместивме во еден женски манастир. Во зависност од собите, дел од лугето беа презадоволни од сместувањето, а останатите си побараа приватно сместување во градот. До крајот на денот имавме слободни активности. Во неделата во 9ч по македонско време (бидејќи цело време во Бугарија се ориентиравме по наше време, така ке биде и до крајот на овој извештај), отидовме до скијачкиот центар Маљовица. Прекрасниот сончев ден некои го искористија за скијање, а остатонатите се упативме до планинарскиот дом Маљовица. Тоа беше кратка едночасовна прошетка, која што беше наменета за загревање за претстојното искачување, и за испробување на зимската опрема: движенје со дерези, во наврска и тн. По тоа, испоседнати на клупите пред хижа Маљовица, во опуштена атмосфера и неврзан разговор, останавме да се сончаме три или четири цаса. Во пет часот се вративме во Самоков.
        Понеделникот, 31.12. во 9ч, од Самоков со автобус се упативме кон Боровец. Од таму кон врвот тргнавме 13 луѓе. Времето повторно бесе совршено. Дозволуваше дури да се соблечеме и по кратки ракави. Во хижа Мусала пристигнавме околу два часот. Таму направивме пауза до 20:30ч. Кон врвот тргнавме 12 луѓе, затоа што една членка од групата се откажа уште пред самиот старт. По половина час пешачење се откажа уште една членка. Останатите 11, по час и половина пешачење, по подмрзната и завеана патека со сув снег (прилично лизгава), пристигнавме на хижата „Ледено езеро“. Овде изостанаа уште тројца од групата, а останатите 8, успешно се качија на врвот. Таму ја дочекаа бугарската нова година. А некаде десетина минутки пред нашата, тие беа повторно во хижата Леденото езеро, каде едни со други си разменивме убави желби и мисли во пресрет на Новата година. По краток одмор, тргнавме кон хижа Мусала, каде што ја поминавме нокта.
        Следниот ден, следната година, утрото во 9ч, по облачно време, се враќавме до Боровец. Кратка прошетка таму. Потоа назад кон Самоков, каде имавме два часа за подготвување. Во 15ч се упативме кон Македонија. Среќни и исполнети, со прекрасна атмосфера во автобусот, надополнета од снегот кој по пат почна да врне, се вративме во Скопје околу 21ч.
        Еве неколку фотографии од акцијата:

Од скијачкиот центар Маљовица се упатуваме кон хижа Маљовица Пред влезот на националниот парк Рила Првите чекори кон врвот Во првиот дел се движиме по скијачка патека

Од скијачкиот центар Маљовица се упатуваме кон хижа Маљовица

Пред влезот на националниот парк Рила

Првите чекори кон врвот

Во првиот дел се движиме по скијачка патека

Пауза за јадење, полнење вода, сончање Првиот поглед кон нашата крајна дестинација Прекрасно зајдисонце Атмосфера во хижа Мусала пред поаѓање кон врвот

Пауза за јадење, полнење вода, сончање

Првиот поглед кон нашата крајна дестинација

Прекрасно зајдисонце

Атмосфера во хижа Мусала пред поаѓање кон врвот

Среќна Нова 2008 Година од 2925 мнв Навистина прекрасно место за дочек на Новата Година Назад кон Боровец, назад кон дома Задоволство и среќа на лицата после оваа прекрасна Новогодишна идила. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

Среќна Нова 2008 Година од 2925 мнв

Навистина прекрасно место за дочек на Новата Година

Назад кон Боровец, назад кон дома

Задоволство и среќа на лицата после оваа прекрасна Новогодишна идила. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

РУДИНЕ - производство и трговија со производи за широка потрошувачка
ФУКС - комплетна линија на лубриканти
Радио Антенна 5

нагоре

мапа на сајтот

вебмастер