Во периодот 18.06. - 26.06.2005 год. беше реализирана акцијата на Олимп во Грција. Пристигнувањето во кампот „Евридики“ беше во 06:30ч, дел од планинарите беа сместени и во камповите Фортуна, Митикас и во гратчето Лептокарија. Следниот ден беше предвиден за искачување на врвовите на Олимп, 35 планинари тргнаа од стартното место Приониа, сите стигнаа до 2100 до пл. дом, а на врвот Митикас се искачија 10 планинари. Времето беше добро за искачување со невообичаена количина на снег на делови од патеката. Следните денови беа предвидени за одмор. На 24.06.2005 беше направен излет по кањонот од местото Литохоро до Приониа. Беа направени и прошетки во вечерните часови во Лептокарија и Паралија како дел од програмата.         Неколку фотографии од акцијата снимени од Маријан Спасов: |