|
|
|
|
|
ШЕСТ ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНО ПЛАНИНАРЕЊЕ (според швајцарското биро за превенција на несреќи): |
-
  1. Секоја планинарска акција испланирајте ја внимателно !
-
  2. Проверете дали поседувате соодветна опрема и дали истата е во добра состојба !
-
  3. Никогаш на планина не заминувајте сами !
-
  4. Известете ги блиските и чуварот на планинарскиот дом за правецот и времетраењето на акцијата. По враќањето, јавете се дека безбедно сте се вратиле !
-
  5. Постојано внимавајте на временската ситуација и на евентуалните промени !
-
  6. Основна максима при планинарењето нека ви биде: Кога се сомневаш, врати се !
|
ЕТИКА ВО ПЛАНИНА (10-те заповеди): |
-
  1. Читај, оди (движи се), качувај се, учи го занаетот;
-
  2. Опреми се како што треба и формирај добра екипа;
-
  3. Тренирај постепено, не истрчувај се (не трчај кон целта);
-
  4. Почитувај ја природата, тишината и луѓето;
-
  5. Остави ги животните намира, а планинарските куќи чисти;
-
  6. Не стреми се да се искачиш погоре од својот задник (повеќе одошто можеш);
-
  7. Тргни, но без да сметаш на туѓа помош;
-
  8. Симни се без да чекаш ако временските прилики се влошуваат;
-
  9. Биди услужлив, помогни им на другите во тешкотија;
-
  10. Уживај, запамти ја лекцијата од планината.
(верзија на др. Столе) |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|