.


Пиндос 2007

        Во периодот 10-13.05.2007 беше изведена за првпат акција во Пиндос планините (Смоликас 2637 мнв и Тимфи 2496 мнв) со помош на план. друштво „ОАЛТХ“ од Солун. 45 планинари тргнаа во 22ч во четвротокот, по 10 часа возење пристигнавме во гратчето Коница. Према првобитниот план 4-ица члена на Високогорската секција требаше да ја искачат Гамила тој ден од северната страна, но заради недоволно време (2 часа закаснување од планот) тоа беше откажано. Со уште 2 часа возење се стигна до почетната точка на искачувањето на врвот Смоликас. По одлично време врвот го искачија околу 30 планинари по многу добро обележана патека. Истата вечер после полноќ беа поставени и шаторите во с. Чепелово каде се спиеше 2 ноќи.
        Во саботата беше во план искачување на Гамила што беше и реализирано, на врвот се искачија 10-тина планинари. Во неделата беше посетен почетниот дел од кањонот кој е и национален парк и околу 13ч се тргна назад кон Скопје.
        Неколку фотографии од акцијата:

Врвот Гамила - највисок на Тимфи

Во позадина северниот гребен на Тимфи планината

На патеката кон највисокиот врв на Пиндос планините - Смоликас

Врвот Смоликас

Езеро на околу 2400 мнв под Смоликас

На врвот Смоликас

На врвот

Сместување во шатори во с. Чепелово

Мала медицинска интервенција

Панорама на Тимфи

На врвот Гамила

Прошетка низ Чепелово

Во локалната таверна

Еден од камените мостови во кањонот

Уште еден

Стрмните страни на кањонот

Вечерна атмосфера во логорот

Текст: Николов Богољуб
Фотографии: Виктор, Дејан, Александар и Нонтас
28.12.2007

   Назад <<

Горе | мапа на сајтот | вебмастер

НАЈНОВО !!!

МОЛ интернет провајдер
ТВ Скајнет
Радио Антена 5
Информации за планините и планинарњето во Србија и Црна Гора